Кшиштоф Старнавски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кшиштоф Старнавски (полски: Krzysztof Starnawski; р. 1968) — полски екстремен спортист, нуркач и спелеолог. Старнавски е еден од најпознатите нуркачи-спелеолози.

Опрема за нуркање[уреди | уреди извор]

Нурка со т.н. ребридер, затворен систем, кој наместо боци со кислород, користи мешавина на гасови, кои му овозможуваат подолго време да се задржи под вода.[1]

Рекорд во нуркање[уреди | уреди извор]

На 3 декември 2011 година, Кшиштоф Старнавски го срушил рекордот на Дејвид Шо во длабинско нуркање со „ребридер“. Рекордното нуркање се извело до 283 метри во Дахаб, Египет.[2]

Старнавски во 2016 година го соборил и рекордот на италијанскиот нуркач Лујџи Казати поставен во македонската пештера Врело, со нуркање до 230 метри длабочина, поставувајќи нов рекорд на длабочина на подводната пештера.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ЕКСКЛУЗИВНИ СНИМКИ: Како изгледа подводната пештера кај Матка на 230 метри длабочина (ВИДЕО/ФОТО)“. Телеграф. Скопје. 3 септември 2016. Архивирано од изворникот на 2016-11-08. Посетено на 3 септември 2016.
  2. Polish Press Agency (PAP). „Krzysztof Starnawski rekordzistą świata w nurkowaniu - 283 m“ (полски). Посетено на 17 февруари 2016.
  3. „Полски нуркач го собори рекордот во подводната пештера Врело“. Нова Македонија. Скопје: РепроПринт. 2 септември 2016. Архивирано од изворникот на 2017-09-29. Посетено на 3 септември 2016.