Куќа на Канчески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на Канчески
Поглед на куќата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилнеокласицизам
Адресаул. „Слободан Пепоски“ бр. 1
ГрадГостивар
Земја Македонија
Завршена1930
Технички податоци
Катови3

Куќа на Канчески — стара куќа во градот Гостивар прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Сместена е во западниот дел на градот, на ул. „Слободан Пепоски“ бр. 1. Куќата е повлечена од улицата, со голем двор и оградена со големи станбени згради од понова градба. Има правоаголна основа и се состои од сутерен, прв кат, втор кат и мансарда, завршена од керамиден покрив на четири води. Сутеренот е од камен, двата ката се изградени од тули, а мансардата е бондручна. На влезот има симетрично поставени бетонски столбови со трем. кои продолжуваат и на парапетниот балкон на горниот кат и досегаат до мансардата. Над балконот е издадениот дел на мансардата, а над него на нивото на покривот стои полукуружен украсен завршеток со годината на изградба „1930“ и монограм. Предната фасада има хармоничен ритам на отворите. Околу прозорците на првите два ката има украсни елементи.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. „Куќа на Канчески“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 23 септември 2017.