Музеј на дејците на ВМРО од Штип и Штипско

Од Википедија — слободната енциклопедија
Музеј на дејците на ВМРО од Штип и Штипско
Музејот во 2018 година
Карта
Основан20 декември 2014
Местоул. „Крсте Мисирков“ бр. 34
Ново Село, Штип, Македонија
ТипИсториски музеј
Андонова Куќа
Куќата во 2010 година
Карта
Општи податоци
СтилСтароградска архитектура
СопственикСемејство Андонови (порано)
Завод и музеј - Штип

Музејот на дејците на ВМРО од Штип и Штипско, познато и како Андонова куќа, — историски музеј во Ново Село, Штип. Градбата, која е дел од староградската архитектура, е заведена како Културно наследство на Македонија под називот Куќа на ул. „Крсте Мисирков“ бр. 34.[1] Музејот е посветен на дејци на ВМРО и нејзината револуционерна дејност во и околу реонот на градот Штип.

Историја[уреди | уреди извор]

Како куќа[уреди | уреди извор]

Преродбенската куќа била во сопственост на семејството Андонови.

Како музеј[уреди | уреди извор]

Градбата била реставрирана и откупена од Министерството за култура. Музејот службено бил отворен од тогашниот премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев во 2014 година.[2]

Во музејот се изложени документи, оружје и предмети, како и 11 восочни фигури на учителите во Штип и водачи на македонската револуционерната организација, Гоце Делчев, Даме Груев и Ѓорче Петров како и на многу штипски дејци меѓу кои Мише Развигоров, Тодор Александров и Ванчо Михајлов.

Во музејот е опфатен периодот од основањето на ВМРО во 1893 година до ликвидирањето на ВМРО во 1934 година и е под јурисдикција на Заводот и музеј - Штип.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 23 март 2022.
  2. Отворен Музејот на дејците на ВМРО од Штип и Штипско Архивирано на 2 октомври 2016 г. // Вечер, 2014-12-20.
  3. „За нас“. Завод и музеј - Штип. Архивирано од изворникот на 18 мај 2021. Посетено на 23 март 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]