Прејди на содржината

Куќа на Апасиеви

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на Апасиеви
Карта
Останати називиКуќа на Аликара
Општи податоци
Видкуќа
Адресаул. „Вера Циривири Трена“ бр. 21 (нова адреса)
ул. „Петар Михов“ бр. 3 (стара адреса)
ГрадВелес
ЗемјаМакедонија
Завршена1840-ти[1]
СопственикАпасиеви (-до денес)
Аликара
Прогласена заспоменик на културата (01.08.1953)

Куќа на Апасиеви, позната и како Куќа на Аликара — куќа во градот Велес, Македонија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Според пишаните документи, куќата била изградена во средината на 19 век. Таа била бегова куќа, а подоцна била купена од страна на бавчованџијата Аликара, па од Апасиеви.[2][3]

Зградата била прогласена за културно наследство врз основа на актот 93 од 1 август 1953 година. Согласно УП 18-22 од 22 јануари 2022 година, градбата добила статус на културно наследство во опасност.[4] Таа 2022 година, требале да започнат градежни активности за обновување на фасадата, но согласно јануари 2025 година, немало никаков градежен зафат. Националниот конзерваторски центар добил средства од 1.200.000 денари за реконструкцијата, согласно годишниот план на Министерството за култура за 2024 година.[2][3] Во септември 2025 година, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков објавил дека биле обезбедени 4 милиони евра за реконструцијата.[5] Тој месец биле прекинати градежните активности поради проблеми со стабилизацијата на градбата. До тој миг, куќата била користена за живеење само во долниот кат, бидејќи горниот не бил безбеден. Тогашни сопственици биле родителите на политичарот Димитар Апасиев.[1]

  1. 1 2 Петар Печков (4 септември 2025). „Започна, па се прекина санацијата на куќата на Аликара во Велес оти има нови проблеми со стабилизација на објектот“. sdk.mk. Архивирано од изворникот 2026-05-15. Посетено на 10 септември 2026.
  2. 1 2 Петар Печков (22 јануари 2025). „Куќата на Аликара се распаѓа, Националниот конзерваторски центар лани доби пари за реконструкција, но не ја изврши“. sdk.mk. Архивирано од изворникот 2025-09-15. Посетено на 10 септември 2026.
  3. 1 2 Петар Печков (22 јануари 2025). „Куќата на Аликара, Апасиеви се распаѓа, иако со проект од државата лани се обезбедија пари за реконструкција“. tirekovmirece.com. Архивирано од изворникот 2025-01-23. Посетено на 10 септември 2026.
  4. ↑ „Регистрирани недвижни добра по надлежност на националните установи“ (PDF). Управа за заштита на културното наследство на Македонија. ноември 2024. стр. 4. Архивирано (PDF) од изворникот 2024-12-27. Посетено на 9 септември 2026.
  5. ↑ „Министерот Љутков ја посети семејната куќа на Апасиев во Велес“. faktor.mk. 3 септември 2025. Архивирано од изворникот 2025-09-17. Посетено на 10 септември 2026.