Куќата на змејот
Куќата на змејот | |
---|---|
Жанр | |
Создадена од | |
Тематски композитор | Рамин Џавади |
Композитор(и) | Рамин Џавади |
Земја на потекло | САД |
Првичен јазик |
|
Бр. на сезони | 2 |
Бр. на епизоди | 18 |
Производство | |
Извршен продуцент(и) |
|
Продуцент(и) |
|
Местоположба | |
Кинематографија |
|
Уредници |
|
Времетраење | 54 — 70 минути |
Продукциска куќа |
|
Прикажување | |
Првична мрежа | HBO |
Првично прикажување | 21 август 2022 – сѐ уште |
Хронологија | |
Слични програми | Игра на тронови |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | hbo.com/house-of-the-dragon |
Куќата на змејот (англиски: House of the Dragon) — американска фантастична драмска телевизиска серија создадена од Џорџ Р. Р. Мартин и Рајан Кондал за HBO. Тоа е продолжение на „Игра на тронови“ и втората серија од франшизата „Песна за мраз и оган“. Претставник на серијата е Рајан Кондал (во првата сезона — заедно со Мигел Сапочник). Проектот, заснован на избрани поглавја од книгата „Оган и крв“ на Џорџ Р. Р. Мартин, се случува приближно 100 години по обединувањето на Седумте Кралства под династијата Таргариен и речиси 200 години пред настаните од „Игра на тронови“. Екранот ги прикажува настаните што довеле до падот на Таргариените и војната за наследување позната како „Танцот на змејовите“.
Производството на „Куќата на змејот“ започнало во октомври 2019 г. Првата сезона од десет епизоди била премиерно прикажана на 21 август 2022 г., а втората сезона од осум епизоди била премиерно прикажана на 16 јуни 2024 г. Серијата службено е обновена за трета и четврта сезона, а четвртата ќе биде последна.
Содржина
[уреди | уреди извор]„Куќата на змејот“ се одвива во измислениот свет Вестерос, околу 200 години пред настаните на „Игра на тронови“ и 100 години откако Таргариените ги обединиле Седумте Кралства.
Приказната се сосредоточува на „Танцот на змејовите“, граѓанска војна (129 — 131 од освојувањето на Егон I) меѓу две фракции на Таргариен. По смртта на кралот Визерис I, неговата најстара ќерка, принцезата Ренира, поддржана од фракцијата на „Црните“, и неговиот син од подоцнежниот брак, принцот Егон II, поддржан од фракцијата на „Зелените“, истовремено ги објавуваат своите права за Железниот трон. Овој судир ја отсликува историската борба за англискиот престол помеѓу внукот на кралот Хенри I, Стефан, и неговата ќерка Матилда.[5][6][7]
Серијата е адаптирана од книгата „Оган и крв“ на Џорџ Р. Р. Мартин. Книгата е напишана како историски летопис од измислен вестероски историчар, што значи дека може да содржи шпекулативни или пристрасни прикази.[8] За да се разјасни приказната за гледачите, серијата ги прикажува настаните по јасен, хронолошки редослед.[9] На почетокот имало различни идеи како да се раскаже приказната. Една идеја била да се прикажат повеќе гледишта на еден ист настан или да се користи раскажувач како архимајстер Гилдејн за да се објаснат изворите и противречностите, слично на ликот Клавдиј во серијата „Јас, Клавдиј“. Меѓутоа, овој пристап на крајот бил ставен настрана.[10]
За да ја поврзат „Куќата на змејот“ со „Игра на тронови“, писателите вградиле заплет за пророштвото на Егон Освојувачот во врска со Белите Талкачи (англ. White Walkers), концепт првично од делата на Мартин, но проширен од творците на серијата.[11]
Улоги
[уреди | уреди извор]Глумец | Улога |
---|---|
Педи Консидајн | кралот Визерис I Таргариен |
Мет Смит | принцот Демон Таргариен |
Ема Д’Арси | принцезата Ренира Таргариен |
Мили Алкок (младата) | |
Рис Иванс | сер Ото Хајтауер |
Стив Тусен | лорд Корлис Веларион |
Ив Бест | принцезата Ренис Таргариен |
Соноја Мизуно | Мисарија |
Фабијен Франкел | сер Кристон Кол |
Оливија Кук | леди Алисент Хајтауер |
Емили Кери (младата) | |
Грејам Мактавиш | сер Харолд Вестерлинг |
Метју Нидам | Ларис Стронг |
Џеферсон Хол | лорд Џејсон Ланистер |
сер Тиланд Ланистер | |
Хари Колет | принцот Џесерис Веларион |
Лио Харт (младиот) | |
Том Глин-Карни | принцот Егон Таргариен |
Тај Тенант (младиот) | |
Еван Мичел | принцот Емонд Таргариен |
Лео Ештон (младиот) | |
Фија Сабан | принцезата Хелена Таргариен |
Иви Ален (младата) | |
Бетани Антонија | леди Бела Таргариен |
Шани Сметерст (младата) | |
Фиби Кемпбел | леди Рена Таргариен |
Ева Осеи-Гернинг (младата) |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Huddleston, Tom (August 22, 2022). „House of the Dragon recap: episode one – blood, guts, gore and tons of epic action“. The Guardian. Архивирано од изворникот October 18, 2022. Посетено на October 30, 2022.
- ↑ „House of the Dragon“. The A.V. Club. Архивирано од изворникот October 23, 2022. Посетено на October 30, 2022.
- ↑ Jarvey, Natalie (October 20, 2022). „In the Battle of the Genre Shows, Does House of the Dragon or Rings of Power Take the Crown?“. Vanity Fair. Архивирано од изворникот October 24, 2022. Посетено на October 24, 2022.
- ↑ Brinkman, Emilie M. (October 23, 2022). „'House of the Dragon' succession drama is rooted in actual history“. The Washington Post. Архивирано од изворникот October 30, 2022. Посетено на October 30, 2022.
- ↑ Harrison, Juliette (2022-09-04). „House of the Dragon: The Real History Behind the Game of Thrones Prequel“. Den of Geek. Архивирано од изворникот 2022-09-27. Посетено на 2022-10-06. Укажано повеќе од еден
|archivedate=
и|archive-date=
(help) - ↑ Brockell, Gillian (2022-09-04). „'House of the Dragon' is based on this real medieval civil war“. The Washington Post. Архивирано од изворникот 2022-10-06. Посетено на 2022-10-06. Укажано повеќе од еден
|archivedate=
и|archive-date=
(help) - ↑ Ravilious, Kate (July–August 2018). „Inside The Anarchy“. Archaeology. Boston: Archaeological Institute of America. 71 (4): 55–63. JSTOR 26822699. Архивирано од изворникот 2023-01-18. Посетено на 2023-01-28 – преку JSTOR.
- ↑ Thomas, Lea Marilla (2022-09-04). „Here's What Changes 'House of the Dragon' Made to George R. R. Martin's Book Already“. Cosmopolitan. Архивирано од изворникот 2022-09-28. Посетено на 2022-10-07. Укажано повеќе од еден
|archivedate=
и|archive-date=
(help) - ↑ Larman, Alexander (2018-11-26). „Fire and Blood by George RR Martin review – not for the average fan“. The Guardian. Архивирано од изворникот 2022-10-03. Посетено на 2022-10-07. Укажано повеќе од еден
|archivedate=
и|archive-date=
(help) - ↑ Goslin, Austen (2022-08-18). „House of the Dragon is missing its source material's most fun character“. Polygon. Архивирано од изворникот 2022-10-03. Посетено на 2022-10-07. Укажано повеќе од еден
|archivedate=
и|archive-date=
(help) - ↑ „Пророчество Эйгона Завоевателя о Долгой Ночи и другие знамения в «Доме драконов» и книгах“. 7kingdoms.ru (руски). 2022-09-17. Архивирано од изворникот 2022-09-26. Посетено на 2023-05-06.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Куќата на змејот“ на Ризницата ? |
- Куќата на змејот на Семрежната филмска база на податоци (англиски)