Куќата на Мунсо
Куќата на Мунсо (шведски: Munsöätten), наречена и Куќата на Бјорн Ајронсајд (шведски: Björn Järnsidas ätt), Куќата на Упсала (шведски: Uppsalaätten) или едноставно Старата династија (шведски: Gamla kungaätten), е најраната кралска династија на Шведска за која што има докази, која владеела во Викиншката ера. Ниту едно од предложените имиња за династијата не е универзално прифатено и повеќето се проблематични: името „Куќата на Мунсо“ произлегува од сомнителна и шпекулативна теорија дека тие владееле од островот Мунсо, а името „Куќа на Бјорн Ајронсајд“ произлегува од наводниот основач на династијата, Бјорн Ајронсајд, кој често се гледа како легендарна, а не историска личност.
Долга и сложена низа на кралеви, од династијата Мунсо, може да се најде во исландските саги од 12 и 13 век. Сагите во голема мера се сметаат за неверодостојни, а кралевите што се појавуваат во нив се гледаат како легендарни фигури. Редоследот на кралевите во сагите е контрадикторен според посовремените германски извори како што се списите на Римберт од 9 век и делото на Адам Бременски од 11 век.
Етимологија и историографија
[уреди | уреди извор]Поради недостаток на зачувани извори има малку конкретни информации за шведските кралеви за време на Викиншката ера.[1] Иако постојат долги и сложени кралски списоци од исландските саги, кои понекогаш се контрадикторна мешавина на митови и поезија и песни, овие дела не се сметаат за сигурни извори од современите научници.[1][2][3] Повеќето од нив се напишани во 12-ти до 13-ти век, векови подоцна од кога се претпоставува дека живееле опишаните кралеви. Што е вистина, а што е мит и легенда е невозможно да се одреди и сè што е содржано во нив, како такво, мора да се смета за легендарно, ако не и измислено.[2] 12-тиот и 13-тиот век било време кога кралската моќ се консолидирала во Норвешка, Данска и Шведска и како такви, кралските листи можеби биле создадени поради политички и социјални потреби (т.е. оправдување на владеењето на кралската династија), наместо желба да се раскаже вистинска историја.[3] Многу од легендарните шведски кралеви претходеле на добата на Викинзите,[4] но историските докази за раната геополитика во Скандинавија сугерираат дека поголемите политички структури, кралства како средновековна Шведска, Норвешка и Данска, не се формирале до доцното доба на Викинзите. Се верува дека централизацијата на моќта под еден монарх произлегла од Викиншката експанзија, при што ситните кралеви ја зголемувале својата моќ преку агресивни воени потфати насочени и кон странски земји (т.е. викиншки рации) и против нивните соседи.[5]
Данскиот автор Саксо Граматикус во своето дело од 12 век Геста Данорум напишал дека шведските кралеви од ерата на Викинзите биле дел од династијата Инглинзи.[1] Веројатно таа била целосно измислена линија на древни скандинавски кралеви кои наводно потекнуваат од Один.[3] Тоа не е во согласност со исландските саги, кои тврдат дека Инглинзите биле протерани од Шведска во средината на VII век и заменети со други династии. [1] Не постои зачувано современо име за оваа династија од Викиншката ера и не постои универзално прифатено име за нив во модерната историографија. Името „Куќа на Мунсо“ произлегува од сомнителна и шпекулативна теорија дека кралевите од 9 век го пренеле своето кралско седиште од Упсала (важен ран политички центар во Шведска) на островот Мунсо во езерото Меларен. Доказ кој ја поддржува оваа теорија е големата гробница на Мунсо и современиот извештај на германскиот мисионер Римберт, кој дава впечаток дека шведскиот крал имал седиште во близина на островот-населба Бирка, но е прилично слаб. Бидејќи името „Куќата на Мунсо“ е од корист на оваа теорија, тоа најчесто се избегнува од современитe шведски научници. Името „Куќата на Упсала“ произлегува од фактот дека исландските саги често ги назначуваат легендарните шведски владетели како кралеви „во Упсала“ и исто е проблематично. Така, династијата понекогаш едноставно се означува како „Старата династија“, понеутрална ознака.[1] Ретко користеното име „Куќа на Бјорн Ајронсајд“ доаѓа од династијата која наводно потекнува од легендарниот викинг Бјорн Ајронсајд според подоцнежните исландски саги. Големата гробница во Мунсо историчарите од 18 век без докази му ја припишувале на Бјорн Ајронсајд, идентификација која не е прифатена од современите историчарите.
Кралеви од династијата Мунсо
[уреди | уреди извор]Современите историчари не ја прифаќаат кралската линија од династијата Мунсо, претставена во исландските саги. Легендарните кралеви (вклучувајќи го и наводниот основач на династијата, Бјорн Ајронсајд) обично не се препознаваат како вистински историски личности.[6] Четирите кралеви од династијата чие постоење е потврдено од повеќе извори, и кои се општо прифатени како вистински историски кралеви на Шведска и признати како такви, од модерната шведска монархија се Ерик Победникот, Олоф Скоткоунг, Анунд Јаков и Емунд Стариот.[7] Одговорот на прашањето кој бил првиот шведски крал зависи од тоа што се подразбира под „Шведска“. Првиот крал за кој е познато дека владеел со Свеланд и Геталанд, основните територии на земјата, бил Олоф Скоткоунг,[8] кој исто така е наведен како прв во повеќето списоци на средновековни шведски кралеви.[9]
Слика | Име | Приближно владеење | Сукцесија и белешки | Уп |
---|---|---|---|---|
Ерик Победникот |
ок.970–995 ( ок.25 години) |
[7] [8] | ||
Олоф Скоткоунг | ок.995–1022 ( ок.27 години) |
Синот на Ерик Победоносецот; првиот христијански крал на Шведска и првиот шведски крал кој ковал монети; понекогаш се смета за прв шведски крал. Најраниот крал кој може да се докаже дека владеел со Свеланд и Геталанд, основните територии на Шведска. | [7] [8] | |
Анунд Јакоб |
ок.1022–1050 ( ок.28 години) |
Син на Олоф Скоткоунг. Според подоцнежните извори, го добил епитетот Kolbränna („јаглен горилник“) поради наводно палење на куќите на неговите противници. Повеќето рани шведски и германски извори зборуваат позитивно за него. | [7] | |
Емунд Стариот |
ок.1050–1060 ( ок.10 години) |
Вонбрачен син на Olof Skötkonung; последниот крал на династијата. По неговата смрт, Стенкил од Домот на Стенкил станал шведски крал. Стенкил можеби бил поврзан во некоја форма, можеби или преку женска линија или преку брак, со династијата Мунсо. | [7] |
Легендарни кралеви
[уреди | уреди извор]Херварска сага
[уреди | уреди извор]Сагата Херварар во некои верзии има додаток кој дава кралска листа на Шведска по смртта на Инџалд Илраде, последниот крал од династијата Инглинг. Со Шведска најпрво владеел Ивар Видфамне, потоа Харалд Вартут и неговиот син Ејштајн Бели, пред Бјорн Ајронсајд да ја освои Шведска. Тој ја основал куќата на Мунсо, а сагата потоа ги следи неговите потомци до Филип од Шведска.[10][11]
Следната табела ги мапира потомците на Бјорн Ајронсајд според сагата[12]
Вита Ансгари и Адам од Бремен
[уреди | уреди извор]Римберт, кој патувал со епископот Ансгар во Шведска како мисионер во 9 век, пишувал за неколку кралеви во Вита Ансгари. Бидејќи Римберт бил современик на кралевите за кои пишува, Вита се смета за веродостоен извор. Адам од Бремен алудира на кралевите спомнати од Римберт и ја проширува листата на кралеви за да ги опфати следните векови. Меѓутоа, растојанието во времето е поголемо, па затоа се смета за послаб извор за времето пред Ерик Победникот.[8] И покрај тоа што не се дадени генеалошки информации од ниту еден од нив, кој сигурно ги поврзува кралевите штотие ги споменуваат, со Ерик Победникот и неговите потомци, обично се претпоставува дека биле дел од истата кралска династија.[1] Направени се обиди да се усогласат кралевите на Римберт и Адам од Бремен со кралевите споменати во сагите (чие постоење инаку се смета за контрадикторно во нивните списи), но поради недостаток на документирани докази, таквите обиди треба да се сметаат за неверодостојни и непроверливи.[13]
Кралеви од Вита
[уреди | уреди извор]- Бјорн, кој владеел 829 година кога Ансгар првпат ја посетил Шведска во важното пристанишно населено место Бирка. Бјорн, наводно, бил пријателски настроен кон мисионерите, но избрал да не премине во христијанство (иако еден од неговите главни советници, Хергеир, го направил тоа).[13]
- Анунд, кој не се споменува дека владеел со Бирка (најверојатно владеел на друго место во Шведска), бидејќи бил протеран од Шведска и се засолнил меѓу Данците. Анунд им ја ветил на Бирка на Данците како награда за тоа што му помогнале да се одмазди, и ја нападнал Бирка 840 година. Бидејќи Бирка продолжила да биде управувана од шведски кралеви, мала е веројатноста дека нападот успеал.[13]
- Ерик, кој починал во времето кога Ансгар ја посетил Шведска по втор пат во 852 година. Според пишувањата на Римберт, некои од антихристијанските Швеѓани предложиле Ерик да се обожава како бог заедно со остатокот од нордискиот пантеон, наместо новиот христијански Бог.[13]
- Олоф, кој владеел 852 година, за време на втората посета на Ансгар на Шведска, откако неодамна стигнал на престолот.[13] Моќта на Олоф била слаба, бидејќи не се осмелувал да ја поддржи мисијата за христијанизација на Ансгар и Римберт од страв да не го вознемири својот народ. Според Римберт, Олоф морал да преговара со сопствените благородници и волјата на боговите (т.е. што треба да се направи) на крајот била одредена преку систем налик на лотарија, чии резултати ги одредувал совет на религиозни личности наместо кралот. Олоф најверојатно војувал против Курланд .[8]
Кралеви од Адам од Бремен
[уреди | уреди извор]- Ринг, најверојатно владеел заедно со неговите синови Ерик и Емунд. Ако владеел со своите синови, тие царувале 936 година. Ако немало заедничко владеење, Ринг можеби владеел порано, а неговиот втор син Емунд владеел 936 година.[8][13]
- Ерик, син на Ринг и неговиот совладетел или директен наследник.[8][13]
- Емунд, син на Ринг и или совладетел со Ринг и Ерик Рингсон, или директен наследник на Ерик Рингсон.[8][13]
- Емунд, син на Ерик и директен наследник на Емунд Рингсон (или некаков совладетелски аранжман на претходните три монарси).[13] Адам од Бремен го смета овој крал како претходник на Ерик Победникот. [9]
Други кралеви
[уреди | уреди извор]Има и неколку кралеви спомнати во различни извори, но кои се недоследно ставени во кралскиот список, или воопшто ги нема. Нив ги вклучува:
- Ерик,(од 800) како крал во Упсала.[13]
- Ерик Ведерхат
- Ерик Арсал
Теорија
[уреди | уреди извор]- Рагнвалд Ингварсон, историчарот Омелјан Прицак шпекулирал дека тој би можел да биде поврзан со куќата на Мунсо поради неговиот чин во Варангиски чувари.[14]
- Ингвар Далечниот
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Список на шведски монарси
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Tacitus.
- ↑ 2,0 2,1 Foteviken Museum – Ynglinga saga.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Sawyer 2010.
- ↑ Frisk 2015.
- ↑ Gurevich 1978.
- ↑ Lagerquist 1997.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 Kings and Queens of Sweden.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 8,7 Harrison 2017.
- ↑ 9,0 9,1 Sävborg 2015.
- ↑ Hall 2005.
- ↑ Henrikson 1984.
- ↑ Tolkien 1960.
- ↑ 13,00 13,01 13,02 13,03 13,04 13,05 13,06 13,07 13,08 13,09 Baldwin.
- ↑ Pritsak 1981:376
Цитирана библиографија
[уреди | уреди извор]- Frisk, Mattias (2015). „Concerning Mass Graves: the Use, Development and Identities Within Mass Graves During the Scandinavian Iron Age and Middle Ages“ (PDF). Master's Thesis – Uppsala University.
- Gurevich, Aron Ia. (1978). „The Early State in Norway“. Во Claessen, Henri J. M.; Skalnik, Peter (уред.). The Early State. Walter de Gruyter. ISBN 978-9027979049.
- Hall, Alaric (2005), „Changing style and changing meaning: Icelandic historiography and the medieval redactions of Heiðreks saga“, Scandinavian Studies, 77
- Henrikson, Alf (1984), Svensk historia, Bonniers, ISBN 9100463949
- Lagerquist, Lars O. (1997). Sveriges Regenter, från forntid till nutid. Norstedts. ISBN 91-1-963882-5.
- Sawyer, Birgit (2010). „Snorre Sturlason som balanskonstnär“. Collegium Medievale: Interdisciplinary Journal of Medieval Research (шведски). 23: 33–57.
- Sävborg, Daniel (2015). „Kungalängder och historieskrivning: Fornsvenska och fornisländska källor om Sveriges historia“. Historisk Tidskrift (шведски). 135 (2): 201–235.
- The Saga of King Heidrek the Wise (PDF), Преведено од Tolkien, Christopher, 1960
Цитирани веб-извори
[уреди | уреди извор]- Baldwin, Stewart. „Early Swedish Kings“. RootsWeb. Посетено на 2020-06-29.
- Harrison, Dick (2017-04-08). „Vilka var våra äldsta svenska kungar?“. Svenska Dagbladet (шведски). Посетено на 2020-06-29.
- Martinsson, Örjan. „Gamla kungaätten“. Tacitus (шведски). Посетено на 2020-06-30.
- „Kings and Queens of Sweden — A thousand year succession“. Swedish Royal Court. Архивирано од изворникот на 2015-07-02. Посетено на 2020-06-29.
- „Snorres Ynglingasaga“. Foteviken Museum (шведски). Посетено на 2020-06-27.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Куќата на Мунсо на Ризницата ?