Кучевиште (археолошки наоѓалишта)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
  • Бошњачка Чешманекропола од доцноантичкото време. Во 1989 година, при копањето на канал за водоводна инсталација, на улица „Призренска“ бр. 53, во куќен двор е откриен доцноантички гроб. Гробната конструкција е направена од обработени камени блокови, помал фрагмент од саркофаг, една цела и една фрагментирана надгробна плоча со латински натписи. Стелите и гробните наоди се чуваат во Музејот на град Скопје.
  • Градградиште од доцноантичкото време. На 6 км северно од селото, на гребен со карпест врв и височина од 1.080 м се гледаат темели од одбранбен бедем, зачувани на западната и југоисточната падина. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и друг градежен материјал.
  • Градиште (Беговиште) — утврдена населба од доцноантичкото време. На 3 км северно од селото, на ридот што доминира над околината со својата надморска височина од 900 м, на врвот и на јужната падина се гледаат остатоци од утврдена населба. По површината се среќава голем број фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.
  • Кучевиште — осамени наоди од римското време. Во атарот на селото се пронајдени две надгробни плочи со латински натписи. Едниот од спомениците се чува во Музејот на Македонија во Скопје, а другиот во селската црква.
  • Радишко — некропола од римското време. На 2 км јужно од селото, во нива се откриени 7 надгробни споменици со латински натписи и делови од камен саркофаг. Сопственикот на нивата ги пренел во дворот на својата полска куќичка во месноста Бреслики.


Литература[уреди | уреди извор]