Прејди на содржината

Кутел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кутел од с. Свиништа во Музејот на Македонија

Кутел[1][2] или кутол[3][4] — традиционален длабок дрвен сад со дршка. Садот исто така се користел како мерило за зрнеста храна. Денес, кутелот е етнолошки предмет кој го отсликува традиционалниот начин на живот, а се користи и како украс во домовите и рестораните во етно-стил.

Кутелот има облик на длабок валчест сад, со рачка која е дел од истата целина. Се изработува од дрво, најчесто со длабење на едно парче дрво. Најчесто се користеле видови дрво кои се отпорни на влага и не испуштаат мирис, како што се бука, јавор или орев.

Употреба

[уреди | уреди извор]

Главната примена била за земање течности од буриња, бочви и слични големи садови. Исто така се користеле за земање на зрнеста, но и останата храна.

Кутелот се користел како мерило за жито. Еден кутел бил половина шиник, односно четвртина осмак.