Курдерес
Курдерес | |
---|---|
![]() | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Драгор |
Особености на сливот |
Курдерес — поранешна река во Битола. Ја образувале Брусничка Река и неколку помали водотеци кои извирале под Баба Планина, на спојот на улиците Солунска и Тошо Даскало и се приклучувала Лавчанска Река, а се влевала во реката Драгор.[1]
Етимологија[уреди | уреди извор]
Името на реката Курдерес доаѓа од турските зборови „kurt-deresi“, што во превод значи „волчји поток“.[1]
Историја[уреди | уреди извор]
Реката Курдерес имала важна улога во заштитата на градот од поплави, кои биле честа појава во минатото.
Со изградбата на доводниот собирен канал за Стрежевското Езеро, овие води биле регулирани и нејзиното корито ја изгубило својата функција. Голем дел од годината каналот имал незначителна количина на вода и често пресушувал. Коритото станало отворен канал од кој се ширела неподнослива смрдеа и било извор на зарази особено во летниот период. Во 1975/1976 година била поставена канализација и коритото на реката Курдерес било целосно затрупано. Денес реката не постои, а над нејзиното корито е улицата Солунска.
На местото каде улица Солунска се сечи со Широк Сокак, постоел „Камен мост“ преку реката, па тоа место и денес го носи тоа име. <ref name=BI>
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Реката Курдерес – „волчји поток" – Битола во минатото“. Bitola.info. Посетено на 24 февруари 2022.