Курвиметар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Курвиметар

Курвиметармеханичка направа за мерење криви линии на мапи. Првите верзии на овој инструмент биле патентирани во 1873 година од англискиот инженер Едвард Расел Морис.[1]

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Името на овој мерен инструмент доаѓа од латинскиот збор curvus, што значи крива линија.

Состав[уреди | уреди извор]

Курвиметарот се состои од тркалце со преносен механизам, скала и стрелка. Може да има неколку скали со разни размери, на пр. 1:25 000, 1:50 000, итн.

Употреба[уреди | уреди извор]

Пред употреба курвиметарот се доведува на позиција 0. Потоа тркалцето се води по кривата линија чија должина треба да се измери, а потоа на скалата се отчитува должината на патот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „THE LONDON GAZETTE, DECEMBER 12, 1873“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-03-15. Посетено на 2018-05-31.

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]