Кура (остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Остров Кура
Kür Dili
остров
Заливот Кизилагач со островот Кура на југоисток
Заливот Кизилагач со островот Кура на југоисток
Држава Азербејџан
Округ Аран
Површина
 • Вкупна 43 км2

Кура или Куркоса (азерски: Kür Dili), на руски познат како Куринскиостров во Каспиското Море на брегот на Азербејџан. Расположен е на 33 км јужно од Нефчала и околу 150 км југоисточно од Баку, во округот Аран.

Историја[уреди | уреди извор]

Порано островот бил поврзан со копното со тесна форма. Фјодор И. Сојмонов, истражувач на Каспиското Море во времето на Петар Велики, го нарекол Куркоса според реката Кура која се наоѓала понасевер. Сојмонов го напишал „Пилот на Каспиското Море“, првиот извештај за ова парче земја, кој бил објавен во 1720 година од Руската академија на науките.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Островот Кура се наоѓа на 7,5 км од поранешното поврзување со копното и 10 км источно од Кизилагачкиот Залив.[2] Иако е доста оддалечен од Архипелагот Баку, тој се смета како негов најјужен остров. [3]

Површината на островот Кура изнесува 43 km². Долг е 11,8 км, а неговата максимална ширина изнесува 5,2 км.[4] Островот е низок и се протега во правец од североисток кон југозапад.

Во 1911 година на островот бил изграден фар кој бил напуштен во 1966 година.[5]

Кура Камен[уреди | уреди извор]

Кура Карпа или Кура Камен (Курински Камен), азерски: Kür daşı, е мало островче со максимална должина од 0,18 км. Расположено е на 13 км источно од североисточниот крај на островот Кура со 39°00′54″ СГШ 49°20′01″ ИГД /  .

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Fedor I. Soimonov - Encyclopædia Britannica
  2. Azerbaijan Travel - Neftchala
  3. Igor S. Zonn, Aleksey N Kosarev, Michael Glantz & Andrey G. Kostianoy, The Caspian Sea Encyclopedia, page 262
  4. GoogleEarth
  5. Lighthouses of Azerbaijan

Надворешни врски[уреди | уреди извор]