Купа (Кукушко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Купа
Κούπα
Христос Пантократор во црква „Успение Богородично“
Христос Пантократор во црква „Успение Богородично“
Купа is located in Грција
Купа
Купа
Координати: 41°07′N 22°38′E / 41.117° СГШ; 22.633° ИГД / 41.117; 22.633Координати: 41°07′N 22°38′E / 41.117° СГШ; 22.633° ИГД / 41.117; 22.633
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаПајонија
Општ. единицаБојмица
Надм. вис.&10000000000000778000000778 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно68
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Ку̀па (грчки: Κούπα) е село во Грција, општина Пајонија, област Централна Македонија со 68 жители (2001).

Георгафија[уреди | уреди извор]

Карта на Меглен

Селото се наоѓа високо во североисточниот дел на планината Пајак, на околу 30 километри североисточно од Капињани. Оддалечено е 30 километри северозападно од градот Бојмица (Аксиуполи) и на 5 километри југозападно од соседното влашко село Љумница (Скра).

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век Купа е едно од влашките (мегленовлашките) села во областа Меглен во гевгелиската каза на Османската империја. Црквата „Успение Богородично“ во Купа датира од првата половина на XIX век.[2] Според книгата на Александар Синве „Lеs Grеcs dе l’Еmpirе Ottomаn. Еtudе Stаtistiquе еt Еthnogrаphiquе“, која се заснова на грчки податоци, во 1878 година пишува дека во Купа, Мегленска епархија, живеат 480 Грци.[3]

Во селото во 1895-1896 е основан комитет на ВМОРО со шеф Димо Попов.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнография и статистика“) во 1900 година во Купа живеат 600 Власи христијани.[5] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („Lа Mаcédoinе еt sа Populаtion Chrétiеnnе“) во 1905 година во Купа има 468 Власи и во селото има влашко училиште.[6]

Според податоци на Егзархијата во 1910 година Купа има 102 семејства, 600 жители Власи и една црква.[7]

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година двајцажители од Купа се доброволци во Македонско-одрински доброволни чети.[8]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на војната во селото влегуваат грчки војски и после Втората балканска војна Купа припаѓа на Грција.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. 14. Ιερός ναός Κοίμησης Θεοτόκου, Κούπας
  3. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman : Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 52.
  4. „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 52 ISBN 9549514560
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.152.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр.194-195.
  7. Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
  8. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 857.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]