Кумихимо

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кумихимо е еден вид врвца што служи да го прицврстува обито, дебелата лента што се става на половината врз кимоното. Овој додаток на кимоната првпат почнал да се употребува кога Јапонците го примиле будизмот. Прво го носеле монасите, а потоа аристократите и нивните жени, како и самураите. Кумихимото се плете со свилени конци. Освен на кимоната, тоа може да се користи и како моден додаток за околу врат или на рака.

Извор[уреди]