Прејди на содржината

Кумани Запад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Kumani
Кумани
Кумани Запад
Founded1990, Југославија
TypeНавивачи, Ултрас група
StandЗапад
MottoНикад нема да си само мое Куманово!
HeadquartersКуманово, Македонија
TeamsRK Kumanovo
KK Kumanovo
FK Kumanovo
Arenas
Website

Кумани е име кое се однесува на поддржувачите на Ултрас на разни спортски клубови од градот Куманово во Македонија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на осумдесеттите годидни, под влијание на големата експанзија на навивачкото движење во бивша СФРЈ, се појавуваат и првите полаги групи ( “Ultras” ; “Eagles” ; “Front” ; “Sokolanci”… ). Во 1989 година овие групи се обединуваат и се нарекуваат со единствено име “Delta Force”. Оваа име не се задржува многу, бидејќи на 18.02.1990 година со историска одлука навивачите од Куманово се нарекуваат “КУМАНИ“ ( според името на племето кое некогаш живеело на просторот на денешно Куманово ) Со новото име, име кое претставува синоним за навивачката приврзаност кон својот клуб, започнува нова ера во навивачкото движење, нешто ново и до тогаш невидено на севкупната македонска навивачка сцена. Во тоа време за македонските услови се прави колосалниот и најубавиот транспарент “КУМАНИ – ЗАПАД“ кој и денес претставува носечки, ударен и препознатлив симбол на кумановските навивачи. Се палат првите факели во историјата на македонското навивање, што подоцна го следат и останатите навивачки групи во земјата, се изработува најголемото навивачко знаме во Македонија, кое прекрива цела една трибина, се прават големи барјаци, се купуваат петнаесетина тапани и фудбалскиот и ракометниот клуб се следат на скоро секое гостување. “Кумани“, први меѓу навивачите се регистрираат како здружение на граѓани со своја жиро сметка, печат, добиваат канцеларија. Периодот кој следува потоа е само континуитет во развојот на групата. Станува збор на таков амбиент, ретко виден дури и во познатите и рекомирани европски центри. Во долго и незаборавено сеќавање ќе остане декорот на трибините, оплеменет со пиротехника, 7400 свеќи во рацете на навивачите, десетици прекрасни кореографии, клупски знаменца, развиорени знамиња, звучни навивачки помагала, тапани, расфрлени конфети и други навивачки реквизити, но и пеколна навивачка атмосфера, која “КУМАНИ“ ја приредуваат од натпревар во натпревар, од сезона во сезона. Сето тоа придонесува во седоната 1998 / 1999 година Спортската редакција на телевизија “СИТЕЛ“ навивачката група “КУМАНИ“ да ја прогласи за убедливо најдобра во Македонија и на водачот на групата пред натпреварот на репрезентациите на Македонија и Унгарија, да му предаде Пехар.

Соперништво

[уреди | уреди извор]

Во март 2012 година е регистриран инцидент во арената „Борис Трајковски“ меѓу Кумани. и Лирија од општина Сарај во Скопје. Првата провокација започна од навивачите на Лирија кои седеа и правеа звуци кога се интонираше македонската химна. Подоцна навивачите на Кумани се бореа со навивачите и полицијата. Во октомври 2012 година во СРЦ Кале Кумани се бореа против навивачите на Комити, полицијата мораше да интервенира и штандовите беа испразнети на полувремето. Октомври 2013 година, по инцидент на трибините, четворица членови на Кумани, беа уапсени за време на кошаркарската игра помеѓу КК Куманово и КК Вардар.[1] На 8 април 2014 година еден поддржувач на Кумани бил нападнат од четворица приврзаници на Црвена Звезда.

Забележителни обожаватели

[уреди | уреди извор]

Таканаречената филмска порно-звезда за возрасни Карло Бос е поддржувач на Кумани. Перо Брко од Соколана е исто така поддржувач на Кумани.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Инцидент на натпреварот Куманово – Вардар“. 20 October 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2019-08-02.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]