Културален феминизам
Изглед
Културален феминизам е феминистичка теорија која е посветена на создавање на одделна и радикална култура на жени. Шарлота Перкинс Гивенс смета дека треба да се создаде општество на силни жени кои се водат од женски интереси на пацифизам и кооперативност. Културалните феминисти опишуваат како моќната женска култура на музика, уметност, поезија, наука и медицина ќе бидат антиавторитарни и антиструктурни. Тоа ќе биде култура со феминистички ритуали, симболи и нов јазик. Критичарите тврдат дека културалниот феминизам го игнорира фактот дека женските функции се надополнуваат со машките.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2007-06-22.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |