Кули на Радин мост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кули на Радин мост
Општи податоци
Видкула
Адресана Радин мост
ГрадКратово
ЗемјаМакедонија
Висина6,60; 11,50; 21,00

Кули на Радин мост — историски три средновековни одбранбени кули во градот Кратово.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Радиниот мост кој е изграден во 1833 година е поставен на овие 3 кули.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Сите три кули имаат правоаголна основа, а висините им се 6,60, 11,50 и 21,00 метри. Дебелината на ѕидовите на овие кули изнесува 1 метар. Кулите имаат приземје и 2, 3 и 4 ката. За осветлување се користеле амбразури, кои се користеле како набљудувачници, а во турско време како пушкарници. Страничните ѕидови се од поквалитетен, делкан камен, а средишниот дел од полуделкан камен. Влезовите се засводени, некои имаат и по два влеза. Вратите биле изработени од дрво и железо, а прозорците биле заштитени со железни решетки. Покривите на кулите биле изработени од камени плочи исто како и подовите. Сите кули се присојни бидејќи се градени на ориентација североисток-југозапад. На некои од кулите се забележува орнаментика со исламски мотиви.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Доневски, Јаким (2016). „Средновековните кули во Кратово“. AXIOS, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип. 1: 91. ISSN: 2545-4285.