Кулебјака

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кулебјака – вид пирог со главни состојки: лосос или есетра, ориз или хелда, тврдо варени јајца, печурки, кромид и копар)

Кулебјака (руски: кулебя́ка) [1] е вид руски пирог кој обично се полни со лосос или есетра, ориз или хелда, тврдо варени јајца, печурки, кромид и копар.[2] Питата се пече во калап од тесто, кој обично е бриош или лиснато тесто.[3]

На почетокот на 20 век, Огист Ескофие, славниот француски готвач, го донесе ова јадење во Франција и ги вклучи рецептите за кулебјака во неговото ремек-дело „Целосен водич за уметноста на модерното готвење“.

Класичната голема кулебјака се состои од неколку различни полнења кои честопати претставуваат комбинација од бела риба и ориз за горните и долните слоеви со филети од есетра или лосос помеѓу нив. Најневообичаената состојка што вообичаено е вклучена во големата верзија на јадењето е весига, коскената срж од есетрата.[4]

Кулебјаката се прави и со поедноставни вегетаријански полнења како на пример зелка или компир.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Archived copy“. Архивирано од изворникот на 2011-11-17. Посетено на 2012-03-05.CS1-одржување: архивиран примерок како наслов (link)
  2. Madison Books; Andrews McMeel Publishing (1 November 2007). 1,001 Foods to Die For. Andrews McMeel Publishing. стр. 280–. ISBN 978-0-7407-7043-2. Посетено на 8 February 2011.
  3. „What is Coulibiac, Kulebiaka, Kulebyaka?“. Архивирано од изворникот на 6 April 2015. Посетено на 27 December 2014.
  4. „Food Facts & Trivia: Vesiga“. Посетено на 27 December 2014.
  5. „Coulibiac With Cabbage“. Skeeterskitchen.com. Посетено на 2015-01-21.