Прејди на содржината

Кулата на Херкулес

Непроверена
Од Википедија — слободната енциклопедија


Кулата на Херкулес е антички римски светилник кој се наоѓа на остров кој е оддалечен околу 2,4 километри од центарот на градот А Коруња, Светилникот е висок 55 метри и гледа на северноатлантскиот брег на Шпанија. По Светилникот Чипион тој е втор највисок во Шпанија. Светилникот е шпански национален споменик и го посетуваат над 150.000 посетители секоја година. На 27 јуни 2009 година бил регистриран како светско наследство на УНЕСКО.

Иако се верувало дека го изградиле Феникијците сигурно е дека повторно го изградил римскиот император Трајан. Населбата каде што се наоѓа светилникот - „Коруна“ нејзиното име доаѓало од латинскиот збор „колона“ што значи столб. Светилникот до 20 век бил познат како Farum Brigantium каде што латинскиот фарум требал да личи на познатиот антички грчки светилник Александрија на островот Фарос. Овој светилник стар речиси 1900 години бил обновен во неговата оригинална форма во 1791 година и е најстариот римски светилник кој се уште се користи. Околу светилникот бил изграден парк со скулптури од шпанските скулптори Пабло Серано и Франциско Леира.[1]

  1. Thomas Baldwin (1847). "Tower%20of%20Hercules" A Universal Pronouncing Gazetteer ... Lindsay & Blakiston. стр. 169.