Кукурек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кукурек
Кукурек.jpg
Кукурек
Дел од оброкотглавен оброк
Температура на послужувањетопло
Главни состојкицрева, шкембе

Кукурек – вид јадење од плетени јагнешки црева[1]. Ова јадење е распространето на Балканскиот Полуостров и во Турција. За разлика од Македонија каде за кукурек се користат само црева и шкембе, во одредени региони се користат и други внатрешни органи – срце, дроб.

Кукурекот може да се спрема на раженче или во рерна. Во Турција кукурекот се служи како сендвич или во порција, се продава на улица и во рестораните.

Рецепт[2][уреди | уреди извор]

Потребни состојки:

Кукурекот се мие и се зоврива во три води, а во четвртата се вари. Во последната вода се додаваат половина од лаворовите ливчиња и чешниња лук, морковите и сол по вкус. Се вари на умерен оган додека убаво се свари.

Потоа се сечи на парчиња и се реди во тава. Се додаваат сварените моркови, преостанатите лаворови ливчиња и чешниња лук, се налева вода - дел од таа во која се вареше, дел чиста и виното. Течноста треба да биде до половина на кукурекот. Се става во загреана рерна уште околу 30 минути, притоа еднаш се превртуваат парчињата.

Се прави запршка. На масло се пропржува брашното, па се додаваат двата вида пипер. Се истура запршката во тавата, се зачинува по потреба со сол, и се додаваат останатите зачини. Се враќа в рерна уште малку додека проврие сосот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Кукурек“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Кукурек во сос на семрежното место на Мои рецепти