Прејди на содржината

Кукри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пример на полиран Кукри нож

Кукри или Кукури (непалски: खुकुरी) — непалски нож со внатрешно закривено сечило, слично на Мачета, користен и како алат и како оружје во Непал. Традиционално овој нож бил и во многу случаи сè уште е основна алатка на Непалците. Истиот е карактеристично оружје на војската на Непал, како и Гуркшките воени единици во војските на Непал, Британија, Индија и нивните единици низ разни делови на светот, до толку што ножот може да се сретне и под името „Гуркшко сечило“ и „Гуркшки нож“. Овој Кукри нож често се среќава во непалската хералдика и се користи во многу традиционални ритуали меѓу кои и свадбени церемонии.