Куза Хота

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куза Хота
Cuza Hota
Роден(а)Некаде во Македонија
НационалностМакедонец

Куза Хота (романски: Cuza Hota) бил романски комунист од македонско потекло. Хота при крајот на 1940-те години бил следен од американските разузнавачки служби и според нив бил поборник за влашка држава на балканот.

Животопис[уреди | уреди извор]

Според документот со информативна пријава на ЦИА, Куза Хота е роден во Македонија но се преселил во Романија каде станал припадник на Романска Легија (Железна Гарда) позната како "Одред на смртта". Бил активен пропагандист на идејата за автономна Куцо-Влашка држава во Грција.

Сведок за агентите на агенцијата изјавил дека Хота бил испратен во Грција од германците како провокативен агент, со што неговата функција била Прес советник во Романското пратеништво во Атина. Според тоа грчките власти сакале да го депортираат назад во Романија но германците не го дозволувале тоа сè до 1945 година.

По ослободувањето на Грција во 1945 година, Куза Хота бил депортиран во Истанбул, Турција. Таму, според американските агенти бил во контакт со русите кои од него побарале да се врати во Букурешт за да помогне во организирањето на романски блок од Македонци со цел нивно вградување во Балканската федерација.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (англиски) Cuza Hota (Hotta), Romanian communist of Macedonian origin Архивирано на 23 јануари 2017 г. Документ со информативна пријава на ЦИА од 28 април 1949 година.

Поврзано[уреди | уреди извор]