Куе Кинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Куе Кинг
Kue King.jpg
Роден(а)Роналд Сунга Рејес
17 јануари 1981
Олонгапо, Филипини
НационалностФилипинец
Познат(а) повајарство, накит
Мреж. местоОфицијално мрежно место

Куе Кинг (роден како Роналд Сунга Рејес на 17 јануари 1981) е американски вајар со филипинско потекло. Повлијаен од американската вајарка со јапонско потекло Рут Асава,[1] Куе има развиено сопствени процеси и техники на вајање со жица, едновремено продолжувајќи ја и персонализирајќи ја оваа ретка уметничка традиција.[2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Куе Кинг е роден како Роналд Сунга Рејес на 17 јануари 1981 година во Олонгапо на Филипинските острови. Најмлад од шест деца од првогенерациско азиско-американско семејство, Рејес живее во Олонгапо до седум години, кога неговите родители (Марија Тереза Сунга Рејес и Камило Рејес) се преселуваат на Флорида каде ги поминува наредните седумнаесет години од својот живот. И покрај тоа што студира фотографија на уметничката академија „Даглас Андерсон“,[3] токму тука за првпат изразува интерес за вајање;[4] голем дел од времето во текот на овој период го минува патувајќи, на тој начин создавајќи персона на современ lebenskünstler.[5] На 24 години, се преселува од Флорида на Хаваите, каде добива награди (за најдобро шоу, второ и прво место за уметничко дело) три последователни години од страна на Источнохавајскиот културен центар.[6] На 29 години се преселува во Сан Франциско; оттогаш постојано патува.[7][се бара извор]

Дела[уреди | уреди извор]

Инспириран од природата и танцот,[3] Кинг создава уметнички дела за кои се вели дека се "спокојни во сопствената навидна едноставност."[3] Воглавно самоук, тој употребува жица цврсто врзана за природни објекти за да создава органски форми и фигури.[8] Исто така работи и со накит.[7]

Биоморфи[уреди | уреди извор]

Она што започнува како мал проект на изработка на скулптури на гранки и цветови[2][5] - за во текот на првите години од Војната против тероризмот да бидат бесплатно раздавани низ САД како пораки за мир[9] - Кинг ќе го претвори во оригинален уметнички жанр, кој ќе му овозможи преку комбинација на алуминум, нерѓосувачки челични влакна, месингова жица и пердуви, да ја допре "грандиозната смисла на органското".[3] Самонаречени биоморфи,[10] скулптурите се наводно инспирирани од медитирањето на Кинг меѓу гранките на едно дрво згрчено на работ од еден рид и расползено надолу по рабовите на клисурата.[9]

Апстракти[уреди | уреди извор]

Првично инспирирани од скулптурите на Рут Асава, Кинговите апстракти се споредувани со танц[3] и геометрија.[се бара извор]

Нослива уметност[уреди | уреди извор]

И покрај тоа што се дистанцира од посериозен ангажман во областа на модниот дизајн,[7] интересот на Кинг во древното занаетчиство и улого-разликувачката општествена функција на накитот резултира со креирање на нешто што тој го нарекува нослива уметност и што, во основа, се состои во раскошно декорирани каиши.[11]

Поставки[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „The Story of Kue King“. Посетено на 23 August 2013.
  2. 2,0 2,1 Perez-Brennan, Tanya (2003). „An Art Walk through Downtown; What You'll See Will Change Each Month“. The Florida Times Union.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Thorin, Nathan. „Ron Reyes: Calm Wire“. Movement Magazine. Посетено на 23 August 2013.
  4. „Brooklyn art center stages varied show“. River City News. 2003.
  5. 5,0 5,1 5,2 Perez-Brennan, Tanya (2004 9). „Wire Sculptures Reflect 'Life Lessons'; Bohemian Artist Stops Wandering“. The Florida Times Union. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help); |access-date= бара |url= (help)
  6. „East Hawaii Cultural Center“. Посетено на 23 August 2013.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Sausalito Art Festival 2012 - Интервју со Куе Кинг, видео на Јутјуб.
  8. „Feauturing: Ronald Reyes“. Brooklyn Art Center. Посетено на 23 August 2013.
  9. 9,0 9,1 Caridad, Paul. „Stunning Feather & Woven Metal Tree Sculptures“. Visual News. Посетено на 23 August 2013.
  10. „Biomorphs“. Посетено на 23 August 2013.
  11. „Wearable art“. Посетено на 23 August 2013.
  12. Witek, Jami (19 September 2012). „Gumps Mixology Cocktail Party with Special Guest Kue King“. SF Wire. Посетено на 23 August 2013.
  13. „Past Exhibitions and Events“. ARTSlant. Посетено на 23 August 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]