Прејди на содржината

Куве

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пример за етикета на шише Зинфандел на која пишува „Cuvee XXVIII “ (28)

Куве[1] (франц. cuvée) — француски поим за вино кој потекнува од зборот cuve, што значи бочва или резервоар.[2] Винарите го користат пооимот cuvée со неколку значења, повеќе или помалку засновани на концептот на резервоар со вино наменет за некоја намена.

Cuvée на винските етикети означува вино од посебна (квалитетна) мешавина или берба.[3] Бидејќи поимот cuvée за оваа намена е нерегулиран, а повеќето вина се чуваат во бочва или резервоар во некоја фаза од производството, присуството на зборот cuvée на етикетата на некој производител не е гаранција за висок квалитет. Сепак, пробирливите производители кои пласираат на пазарот и обични мешавини и мешавини што ги нарекуваат „cuvée...“ обично го резервираат зборот за посебни мешавини или одбрани бочви со повисок квалитет - барем во споредба со обичните вина на тој производител. Особено поими како cuvée speciale или tête de cuvée се претпоставува дека означуваат повисок квалитет. Во овој контекст, вината со повисок квалитет од обичните cuvée често се нарекуваат резерва, додека cuvée со понизок квалитет од главното е второ вино.


Во Шампања, а понекогаш и во други региони, каде што се произведуваат пенливи вина по традиционален метод, „куве“ се однесува и на најдобриот сок од грозје добиен со нежно цедење на грозјето. Во Шампања, „куве“ се првите 2.050 литри сок од грозје од 4.000 кг грозје, додека следните 500 литри се познати како taille (опашка) и се очекува да дадат вина со погруб нарав. Многу производители на шампањ се гордеат што користат само куве во своето вино.

Друга храна и пијалаци

[уреди | уреди извор]

Поимот може да се применува и на пиво или на чоколадо, што се однесува на серија што ја мешаат производителите за да се произведе одреден вкус. Многу ламбици и гезови - кисели пива со одлики слични на вино - се продаваат како куве. Кога се однесува на пиво или чоколадо, поимот нема дефинирано значење, туку е наменет да евоцира слики од повисок квалитет - слично на употребата на „резерва“ за вино во области каде што поимот не е регулиран со закон.

Поимот може да се однесува и на коњак. На пример, 3.140 cuvée, кој не е означен со стандардните класификации VS, VSOP или XO значи дека одлежал најмалку шест години пред флаширање.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Поимник за вино и винарство“. Ресторани.мк. 24 април 2020. Посетено на 4 ноември 2025.
  2. J. Robinson (ed), "The Oxford Companion to Wine", Third Edition, p. 218, Oxford University Press 2006, ISBN 0-19-860990-6
  3. „Поимник за вино и винарство“. Ресторани мк. 24 април 2020. Посетено на 16 октомври 2025.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Hugh Johnson, Jancis Robinson (2005). The World Atlas of Wine, Fifth Edition. London: Octopus Publishing Group. стр. 78. ISBN 1-84000-332-4.
  • Chantal Coady (2006). The Chocolate Companion, A Connoisseur's Guide. London: Running Press. стр. 19. ISBN 978-0-7624-2897-7.