Кубанска Народна Република
Кубанска Народна Република | ||||||
Кубанская Народная Республика Кубанська Народна Республiка | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Карта на Европа во 1919 година на која е прикажана Кубанската Народна Република (зелена) во Русија
| ||||||
Главен град | Краснодар | |||||
Јазици | Руски, Украински | |||||
Вероисповед | Руска православна црква | |||||
Уредување | Република | |||||
Претседавач | ||||||
- | 1917–1918, 1919 | Лука Бич | ||||
- | 1918–1919 | Николај Рабовол | ||||
- | 1919–1920 | Ф. Сушков | ||||
Атаман | ||||||
- | 1917–1919 | Александар Филимонов | ||||
- | 1920 | Николај Букретов | ||||
Законодавство | Кубанска законодавна Рада | |||||
Историски период | Прва светска војна / Руска граѓанска војна | |||||
- | Основана | март 1917 | ||||
- | Прогласена република | 28 јануари 1918 | ||||
- | Независност | 16 февруари 1918 | ||||
- | Распадната | 17 март 1920 | ||||
Население | ||||||
- | 1918 | 3.500.000 | ||||
Валута | Руска рубља |
Кубанска Народна Република (КНР) или Кубанска Национална Република (КНР), (руски: Кубанская Народная Республика; украински: Кубанська Народна Республiка) — поранешна анти-болшевичка држава за време на Руската граѓанска војна, која ја опфаќа територијата на денешниот Кубански регион во Русија.
Републиката била прогласена од Кубанската Рада на 28 јануари 1918 година и ја прогласила својата независност на 16 февруари. Ја опфаќала целата територија на поранешната Кубанска област на Руското Царство. За време на својата кратка независност, таа неуспешно се обидела да се обедини со Украинската Народна Република и Демократска Република Грузија. Кубанската Народна Република била де факто окупирана од силите на Антон Деникин на 6 ноември 1919 година, пред да биде целосно окупирана и анектирана од Советите во пролетта 1920 година.