Куаба

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Куаба (марка на пури))
Логото на Куаба

Куаба (шпан. Cuaba) е име на кубанска марка на пури (Хабанос СА).

Историја[уреди | уреди извор]

Кутија Куаба Exclusivos
Кутија Куаба Salomones

Марката „Куаба“ била официјално лансирана од претседателот на Хабанос Франциско Линарес на 19 ноември 1996 во хотелот Клариџиз во Лондон, како на линија на пури која се состои само од „перфекто“ формати. Ова се случило како обид за враќање на форматот „фигурадо“, кој најпрвин уживал голема популарност во раниот XX век, но доживеал пад од 1950-тите. За оваа инагурална забава, создателот на линијата Карлос Изквиердо Гонсалес и четиринаесет други високообучени виткачи го демострирале правењето на „фигурадо“ пури. Во рамките на една иста кутија пурите малку се разликувале по големина една од друга бидејќи за нивното правење не се користеле калапи. Една година подоцна, кога Куаба конечно добила свои калапи, овие првобитни некалапени пури станале високовреднувани колекционерски предмети.

Гонсалес вели дека мешавината за Куаба ја основал на пурите Монтекристо, но најголемиот дел од познавачите велат дека мешавината е по вкус послична на марката Ромео и Хулиета. Друг факт во полза на ова е тоа што највеќето пури на Куаба се прават во фабриката Брионес Монтото (Ромео и Хулиета).

Во 1998, Куаба имала чест да биде избрана за една од марките за издавање со посебна витола (Distinguidos) во керамичкиот цилиндричен хумидор наречен „Millennium Reserve“. Ова е марка која често се избира за специјални изданија и хумидори.

Витоли на Куаба[уреди | уреди извор]

Ова е список на витоли (големини) во рамките на производната линија на Куаба со нивните димензии во англиски и метрички систем и нивните vitolas de galera (фабрички имиња).

Рачно-изработени витоли

  • Divinos - 4" x 43 (101 x 17,07mm) Petit Bouquet, перфекто
  • Tradicionales - 4 3/4" x 42 (120 x 16.67mm) Favoritos, перфекто
  • Generosos - 5 1/4" x 42 (132mm 16.67mm) Generosos, перфекто
  • Exclusivos - 5 3/4" x 46 (145 x 18.26mm) Exquisitos, перфекто
  • Distinguidos - 6 3/8" x 52 (162 x 20.64mm) Romeos, перфекто
  • Salomónes - 6 7/8 x 57 (174 x 22.62mm) Salomones 1, големо перфекто или саломон
  • Diademas - 9 1/8" x 55 (233 x 21.82mm) Diademas, a големо перфекто или саломон

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]