Ксенија Милошевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ксенија Милошевиќ на Евровизија 2012 година

Ксенија Милошевиќ (26 април 1982 година во Белград, Србија, СФР Југославија) е српска пејачка и виолинистка и членка на женскиот бенд убави Кралици, кој е создаден со спојување на придружните вокали на Марија Шерифовиќ по победата на Евровизија 2007.

Семејство[уреди | уреди извор]

Ксенија Милошевиќ потекнува од музичко семејство, ќерка е на легендарниот Божидар Боки Милошевиќ, познат српски кларинетист, шеф на Народниот оркестар на Радио-телевизија Белград, професор во музичкото училиште „Јосип Славенски“ и член на Белградската филхармонија. Нејзина сестра е Тијана Милошевиќ, на 19-годишна возраст е најмладиот концерт-мајстор во светот и прва виолина на Белградската филхармонија, професор по виолина.[1]

Пред бендот[уреди | уреди извор]

Ксенија Милошевиќ е родена во Белград во 1982 година. Виолина свирeла од својата четврта година, а на Факултетот за музичка уметност во Белград се запишала на 14 години. Дипломирала и магистрирала во 2005 година во класата на проф. Дејан Михаиловиќ. Ксенија Милошевиќ од својата 16-та година била постојано вработена како заменик концерт-мајстор на Белградската филхармонија, а во 2018 година одбележа 20 години работа во овој оркестар. Од 2006 година таа е постојан член на триото Сингидунум со кои активно настапува низ земјата. Беше член на многу камерни ансамбли и оркестри, како што се Ансамблот за виолина, Мајстори гудачи, Балканската камерна академија, Камерен оркестар Симфонијета, камерниот оркестар Љубица Мариќ, Огњен и пријателите, со кои настапуваше низ Европа и сними две ЦД-а.

Таа е член и на солистите на ансамблот Добл Сенс, кои настапуваат со солистот Немања Радуловиќ низ светот и со кој има снимено четири ЦД-а, од кои три се за Дојче Грамофон. Настапува како солист со многу камерни оркестри како и со симфониски оркестри како што се Белградската филхармонија, Симфонискиот оркестар на РТС, Симфонискиот оркестар Станислав Бинички и други.[2]

Ксенија освоила бројни награди и настапувала како солист со угледни српски оркестри. Од 2001 година е заменик концерт-мајстор на Белградската филхармонија. Функцијата на концерт-мајстор ја извршувала две сезони.

Евровизија[уреди | уреди извор]

Во 2006 година, таа свирела на виолина и пеела придружни вокали со песната на Хари Мата Хари, која ја претставувала Босна и Херцеговина на Изборот за песна на Евровизија во 2006 година. Во 2007 година, таа била придружен вокал во победничката песна на Србија, Молитва. Во 2012 година свирела виолина и пееше придружни вокали со песната на Жељко Јоксимовиќ - Није љубав ствар што ја претставувала Србија на Евровизија 2012 година.[3] Четврти пат, Ксенија Милошевиќ била придружен вокал на Изборот за песна на Евровизија за Mоје 3, кои ја претставуваа Србија на Изборот за песна на Евровизија во 2013 година.[4]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Во Beauty Queens[уреди | уреди извор]

Албуми[уреди | уреди извор]

  • 2008: TBA

Синглови[уреди | уреди извор]

  • 2007: „Пет на један“
  • 2007: „Против срца“
  • 2008: „Завет“

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Вуковић, Катарина. „Порекло Тијане Милошевић, виолинисткиње“. poreklo.rs. Посетено на 4. 8. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „КСЕНИЈА МИЛОШЕВИЋ, ЗАМЕНИК КОНЦЕРТМАЈСТОРА“. bgf.rs. Посетено на 4. 8. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. http://www.rts.rs/page/rts/sr/pesma+evrovizije/Pesma-Evrovizije-2012/story/1934/English/1071560/Promotional+material+for+ESC+2012.html
  4. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 1. 11. 2013. Посетено на 2. 5. 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]