Горно Крушје (Ресенско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Крушје (Ресенско))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Крушје
Крушје is located in Македонија
Крушје
Местоположба на Крушје во Македонија
Координати 41°09′30″N 20°58′54″E / 41.15833° N; 20.98167° E / 41.15833; 20.98167Координати: 41°09′30″N 20°58′54″E / 41.15833° N; 20.98167° E / 41.15833; 20.98167
Општина Ресен
Население 107 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1053 м
Крушје на општинската карта
Горно Крушје во Општина Ресен.svg

Атарот на Крушје во рамките на општината
Commons-logo.svg Крушје на Ризницата


Крушје — село во Општина Ресен, во областа Преспа, во околината на градот Ресен.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во најсеверниот дел на областа Преспа, недалеку од патот Ресен - Охрид, оддалечено 9 километри северно од Ресен. Дел од атарот на селото се издига на југозападната падина на Плаќенска Планина. Селото е планинско на надморска височина од 1.140 метри. Селото има полјоделско-шумарска функција. Селото граничи со селата Скребатно, Завој, Свиништа и Плаќе од запад и северозапад, Лева Река од исток, Избишта и Болно од југ.

Историja[уреди | уреди извор]

Крушје во почетокот на XX век

Во XIX век селото е дел од Битолската каза, нахија Горна Преспа, во Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Горно Крушје живееле 370 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Крушје имало 480 Македонци, егзархисти.[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 103 домаќинства и 107 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 370[1] 480[2] 579 531 414 281 215 137 123 107

Родови[уреди | уреди извор]

Горно Крушје е македонско село.

Родови во селото се: Башовци, Бешировци, Вељановци, Гошевци, Ганчевци, Димовци, Даворовци, Здравевци, Земановци, Зурловци, Ивановци, Јашаровци, Јузевци, Јанчевци, Коџакаревци, Костовци, Кочовци, Куртовци, Лазевци, Лазаревци, Мазевци, Мишевци, Муловци, Наумовци, Павлевци, Штерјовци, Стојчевци, Трајановци, Тумбалаковци, Ташаровци, Цепенковци, Цветановци, Џавтаковци ,Шоријовци и Шишковци.[5]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:

  • Староседелци и доселеници со непознато потекло: Цепенковци (7 к.), Здравевци (21 к.), Костовци (25 к.), Џавтаковци (9 к.), Вељановци (12 к.), Ѓоршевци (8 к.), Брлевци (4 к.) и Митановци (1 к.).
  • Доселеници со познато потекло: Јанчевци (7 к.) доселени се од селото Вапила, охридско; Лазевци (4 к.) доселени се од селото Бучин, крушевско; Башовци (3 к.) доселени се од некое село во демирхисарско (Железник); Мазевци (3 к.) доселени се од селото Стрежево, битолско.[6]


Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 1636 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом. Во ова изборно место е опфатено и селото Илино.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 73 гласачи.[8]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви
Археолошки наоѓалишта[9]
  • Св. Спас — црква и некропола од старохристијанско време;
  • Гумење — населба од доцноантичко време;
  • Старо Село — населба, црква и некропола од среден век;

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Крсто Трајков - Македонски револуционер, деец на ВМОРО.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Иселеници од ова село може да се најдат во. Аргентина (околу 15 семејства), САД, Канада, Австралија, Ресен, Битола, Скопје, итн.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 241.
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  5. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
  6. 6,0 6,1 Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски Фонд на МАНУ к-2, АЕ 87.
  7. "Описи на ИМ". Посетено на 3 ноември 2019.
  8. "Претседателски избори 2019". Посетено на 3 ноември 2019.
  9. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]