Крушевски партизански одред „Питу Гули“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Крушевски партизански одред „Питу Гули“
Активна16 април 1942 - околу 17 ноември 1942
БиткиНОБ
Команданти
Истакнати
команданти
Мише Ефтимов - Петре

Крушевски партизански одред „Питу Гули“ е партизанска единица во Македонија која зела учество во НОБ.

Формирање на одредот[уреди | уреди извор]

Манастирот „Св. Спас“

Одредот официјално бил формиран на 16 април 1942 година,[1] на местото викано Грујова нива, на планината Осој. На формирањето на одредот присуствувале и членовите на Покраинскиот штаб на Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија, Трајко Бошкоски - Тарцан, Киро Крстески - Платник и Трајан Белев-Гоце, како и членовите на партиската организација од Пуста Река, Злате Билјановски и членот на Воениот штаб, Илија Стојковски. Одредот дефинитивно е формиран со предавањето на црвено знаме со петокрака и натпис „Питу Гули“.

Тогаш било именувано и раководството на одредот:

Веднаш целиот одред положил свечена заклетва. Од времето на формирањето па до првата акција, односно нападот на село Прибилци, одредот преживеал извесна криза, поради што долго време останал во близина на Крушево, односно во манастирот „Свети Спас“.

На 30 септември Божин Мицев и Панде Николов од селото Зашле се изведени пред народниот суд на одредот, биле осудени на смрт како шпиони и предавници, а потоа биле и погубени.[2]

Предавството на Јани Туфа[уреди | уреди извор]

Јани Туфа, кој бил член на КПЈ уште од 1937 година, не бил задоволен со доделената должност да биде интендант на одредот (да ја снабдува војската со храна, облека и други потреби), бидејќи порано извршувал поголеми должности. Тој изјавил дека не сака да остане во одредот поради болест и сака до оди во Крушево, каде ќе работи во позадина. Штабот на одредот и поголемиот број на борци биле против тоа, но сепак одобриле Јани Туфа да оди во Крушево и да живее во строга илегалност.

Меѓутоа, Туфа наместо илегално да влезе во градот, се среќава со секретарот на бугарската општина во Крушево, Карапанчев, и нуди соработка на полицијата во борба против одредот. Тој на бугарската полиција ѝ ги дал сите податоци за одредот: бројност и состав, теренот на кој се движи, дејствата и врските на народот со одредот. Покрај тоа, Туфа ги соопштил и имињата и составот на Месниот комитет, Воениот комитет и сите партиски и скоевски ќелии во Крушево и селата. После тоа, настанала голема рација и апсења, кога се уапсени околу 60 членови на Партијата и припадници на народноослободителната борба. Окупаторот одржал судење и изрекол ригорозни казни. Две лица биле осудени на смрт со бесење, што било извршено во текот на ноември 1942, а 14 лица биле осудени на смрт во отсуство (бидејќи се наоѓале во одредот), а останатите биле осудени на робија од една до дваесет години. Предавството на Јани Туфа задало тежок удар на народноослободителното движење во Крушевско.

Приклучување на нови борци[уреди | уреди извор]

Нападот на село Прибилци[уреди | уреди извор]

Нападот на рудникот Цер[уреди | уреди извор]

Нападот на село Кочиште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. NOB Makedonije (српски). Скопје: Народна задруга. 1964. стр. 62.
  2. „Зборник докумената и података o Народноослободилачком рату југословенских народа“, том VII, књига 1, Београд, 1952.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Злате Билјановски „Одредот Питу Гули“ (1973, 1990)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]