Крушевски литургиски зборник со апокрифи

Од Википедија — слободната енциклопедија

Крушевскиoт литургиски зборник со апокрифи — кириличен манускрипт од 17 век од исклучителна културно-историска вредност за средновековната македонска книжевност и литература. Тој претставува црковна богослужбена книга во која се пренесени религиски записи, односно содржи и летописни белешки за различни историски настани. Пронајден во 1942 година во црквата „Свети Никола“ во Кривогаштани. Се претпоставува дека ее настанат во некој од соседните манастирски центри: Зрзе, Трескавец или Слепче. По 1942 година е донесен во крушевските цркви, а потоа доставени до Музејот во Крушево по неговото формирање во 1953 година. Поради голема оштетувања, тој во 2014 бил подложен на конзервација во во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“, каде била извршена анализа на составот на хартијата и на мастилото со кое е пишуван и било извршено чистење, одлепување, дезинфекција и неутрализација на листовите хартија и реставрација на оштетената подлога за да се спречи натамошно уништување на ракописот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]