Крум Чушков
| Крум Чушков | |
|---|---|
Слика од Чушков во неговото полициско досие | |
| Роден(а) | Крум Борисов Чушков 20 декември 1929 Велес, Вардарска Бановина, Кралство Југославија |
| Починал(а) | 2009 (возр. 79–80) Варна, Бугарија |
| Други имиња | Градинар |
Крум Чушков, роден Крум Борисов Чушков, познат по псевдонимот Градинар (Велес, 20 декември 1929 — Варна, 2009) — македонски активист и политичар. Член на Демократскиот фронт на Македонија „Илинден 1903“, угнетуван од социјалистичкиот режим поради неговата поддршка на обединета независна македонска држава. Во 1946 г. бил еден од уапсаните личности за време на судските процеси против велешките гимназијалци. После независноста на Македонија тој се приклучил во политичките кампањњи на ВМРО-ДПМНЕ. Иако бил укинат социјалистичкиот режим тогашната македонска влада продолжила да го чува под надзор. Поради причини поврзани со безбедноста тој се преселил во Варна каде што починал во 2009 година.
Животопис
[уреди | уреди извор]Социјалистичка Македонија
[уреди | уреди извор]Роден на 20 декември 1929 година во Велес, тогаш дел од Кралството Југославија. Бил жив сведок на народноослободителната борба во Велес и Велешко. После Втората светска војна Чушков се запишал во велешката гимназија која била преименувана во „Кочо Рацин“. За време на неговото средноучилишно образование тој се запознал со Саздо Трајковски и Благој Џајков исто така од родени од Велес. Џајков бил македонски националист и верник кон старата идеалогија на МРО — независна обединета македонска држава. Овој идеалошки став бил противречен со тогашните гледишта на СР Македонија, во полициските досија верници на оваа идеалогија биле обележани како „ВМ“ или ванчомихајловисти.[1]
Со поттик од Џајков, Трајковски и Чушков се приклучиле во Демократскиот фронт на Македонија „Илинден 1903“. Тие исто така подржиле други велешки гимназијалци да се приклучат во организацијата како Драган Василев, Кирил Ќирков, Тихомир Лукарев, Буба Лукарева и Васа Ќиркова. Во ноќта на нова година 1946 година Чушков заедно со неговите пријатели се собрале во Дурутовец каде што се заколнале пред евангелието со револвер, слично како што правиле македонските револуционери за време на Борбата за Македонија. Чушков се приклучил во гимназискиот хор и продолжил да држи тајни средби во црквата Св. Спас кога вежбал со хорот.[1]
Во 1946 година, нивната организација била откриена од комунистичката власт која ги уапсила нејзините членови. Во полициското досие на Чушков тој бил претставен со псевдонимот Градинар. Во истата година почнал голем судски процес против велешките гимназијалци кои биле дел од организацијата, најстрогата казна ја добил Благоја Џајков со седум години затвор. Во Бугарската историграфија казната на Чушков е надуена со злонамерата да ја претстават комунистичката власт како ѕверски противници на Бугарите во Македонија. Некои бугарски дела наведуваат дека казната била три години во затвор, додека пак некои псевдоисториски трудови наведуваат шест години.[2] Според полициските извештаи неговата казна била 18 месеци. Во 1946 година бил интерниран кај градскиот затвор во Скопје и во 1947 година последните месеци на неговата казна ги исполнил во Идризово.[1]
Независна Македонија
[уреди | уреди извор]Неколку месеци пред независноста на Македонија, Чушков повторно бил уапсан и осуден поради горењето на југословенското знаме кај велешката касарна и обидот да извршат атентат спрема српскиот офицер во касарната. Пред референдумот за независност Чушков посакал југословенската армија да отстапи од македонскиот терен. Тој бил уапсан заедно со Георги Калузаров и Иван Тренчев. После независноста на Македонија тој бил ослободен и се приклучил во централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.[3] Во 28 декември 1991 година Чушков заедно со Калаузанов го посетиле тогашниот министер за внатрешни работи на Бугарија Љупчо Трохаров. Чушков му рекол дека македонскиот идентитет ќе го надмине бугарскиот притисок и Пиринска Македонија ќе била еветуално припоена кон Македонија. Некои бугарски новинари ја претставиле посетата на Чушков со бугарски карактер.[4]
Меѓу 12 и 14 јануари 1992 година престојувал во Софија каде што побарал бугарската власт да ја признае независноста на Македонија. Чушков се обидол да подобри односи меѓу новосоздадената Македонија и Бугарија.[2] Во 18 април 1992 година Чушков заедно со неговиот син Георги (Гоце) Чушков и Георги Калаузаров биле повторно уапсани и осудени поради судскиот сомнеж дека Чушков имал некаква поврзаност со бугарската политичка партија ВМРО-БНД. Македонскиот научен институт го претставил настанот како „репресија на Бугарите во Македонија“.[5] Брзо бил ослободен после судските процеси. Во 8 мај 1994 година во Скопје формирал здружение со намера да ги подобри односите меѓу Бугарија и Македонија но организацијата брзо била затворена.[2] Покрај тоа што не бил затвор македонската власт сѐ уште го чувале неговото старо досие од времето на социјализмот. Чушков се чувствувал небезбеден и поради тоа се преселил во Варна, Бугарија. Каде што починал во 2009 година.[1][2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 Ачкоска, Виолета (2013). Велес и Велешко: 1944-1991. Скопје: Макавеј. стр. 225–228. ISBN 978-608-205-233-5.
- 1 2 3 4 България Македония (2009). „Крум Чушков, 1929-2009“. България Македония.
- ↑ Серафимов, Цанко (25 јануари 2017). „Енциклопедичен речник за Македония и македонските работи“. Култура.
- ↑ Тодорова, Красимира (2020). ПРАВИТЕЛСТВОТО НА ФИЛИП ДИМИТРОВ И ПРИЗНАВАНЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЯ (8.XI.1991-30.XII.1992) (PDF). Софија: Анамнеза. стр. 101.
- ↑ Еков, Евгениј (2021). „18.04.1992 г.: Арести и побои над българи в Северна Македония“. Македонски Преглед.
- Политичари од Велес
- Починати во Варна
- Македонски преселници во Варна
- Родени во 1929 година
- Починати во 2009 година
- Македонски политичари
- Велешани репресирани од југословенскиот режим
- Политичари од ВМРО-ДПМНЕ
- Македонски инженери
- Југословенски инженери
- Македонски затвореници и притвореници
- Затвореници во Македонија
- Југословенски затвореници и притвореници
- Затвореници и притвореници во Југославија
- Југословенски дисиденти