Крст, дрво, XVII век

Од Википедија — слободната енциклопедија

Крст, дрво, XVII век е христијански крст изработен со копаничарска техника. Изработен е во 17 век, со димензии 14 х 6 см. Претставени се сцените: Распетие, Симнување од крстот а странично се изрезбани ликовите на дванаесетте апостоли. Крстот не ги поседува одликите на копаничарските работилници за изработка на крстови од Кичево и Битола и според некои елементи, особено на десната страна,каде е распетието, потсетува на крстовите работени во Велес. Денес се наоѓа во Музејот на применетата уметност во Белград. Иако мал по димензии, крстот поседува уметнички вредности кои се аналогни на фреско живописот и иконопиството карактеристично за по истакнатите фреско - ансамбли во Македонија. Денес овој крст се наоѓа во Музејот на примеметата уметност во Белград[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бојана Радојковиќ - „Ситната пластика во старата српска уметност“, Издавачки завод Југославија, Белград, 1977/ Ситната пластика