Крсто Сарафов

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Крстјо Сарафов)
Крсто Сарафов
Роден 6 април 1876
Либјахово (ден. Бугарија)
Починал 27 август 1952
Софија, Бугарија

Крсто Петров Сарафов (бугарски: Кръстьо Петров Сарафов) бил наjпрочуениот театарски актер од Бугарија. Тој е помалиот брат на револуционерот на Македонскиот комитет и ВМОРО Борис Сарафов.

Животопис[уреди | уреди извор]

Сарафов во ролја на Тартиф

Роден е на 6 април 1876 година во Либјахово, Пиринска Македонија. Учи во Петербург. Дебитира во 1899 година во театарот “Солза и смев” во Гогољевиот “Ревизор”, но поголем број од улогите после тоа ги изигрува на сцената на Народниот театар “Иван Вазов” во Софија.

Меѓу највпечатливите негови улоги се Сирано де Бержерак (во истоимената пиеса на Едмон Ростан), Тартиф и Арган (во Молиеровите Тартиф и Вообразениот болен), Фамусов (во Страда од умот на Грибоедов).

Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија го носи името на Сарафов од 1951 година [1]. Умира на 27 август 1952 година во Софија.

Сарафов бил член и на Македонскиот Научен Институт.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. НАТФИЗ

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Пиринци