Крстот на Хаџи-Рувим Ненадовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хаџи-Рувимовиот заветен крст од 1799 година

Крстот на Хаџи-Рувим Ненадовиќхристијански крст изработен со копаничарска техника. Изработен е во 1799 година, од дрво, со димензии 38 х 20 см. Крстот е изработен со исклучителни стилизирани линии и елементи. Спореден со другите копаничарски крстови, крстот е изработен во релативно поголеми димензии. За разлика од другите крстови, кои се изработувани во работилници од анонимни автори, крстот е изработен од мајсторот Хаџи-Рувим Ненадовиќ и е еден од ретките со авторски потпис. Можеби, еден е од најубавите работени во оваа техника. На самиот крст со прецизни линии, вешт цртеж и сложена композиција се претставени сцените: распетие, влезот во Ерусалим, оплакувањето на Богородица, симнувањето од крстот, вознесението, благовестите, воскресението, симнувањето од крстот. Всушност крстот ги опфаќа главните сцени кои се претставени преку фрески во ентериерот на секоја црква.

Крстот поседува уметнички вредности кои најмногу се забележуваат во ликовната постапка која е професионална, без никаква наивност, па дури и целосно поддржување на каноните. Мајсторот бил растоварен од низата ограничувања, при што создал уметничко дело од сакрален вид кое може слободно да се најде во витрините на истакнати музеи како извонреден примерок на копаничарската уметност во европски размери Денес овој крст се наоѓа во Народен музеј на Србија во Белград[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бојана Радојковиќ - „Ситната пластика во старата српска уметност“, Издавачки завод Југославија, Белград, 1977/ Ситната пластика