Крстот на Саватија Савинц

Од Википедија — слободната енциклопедија

Крстот на Саватија Савинцхристијански крст изработен со копаничарска техника. Изработен е во 1744 година, од дрво, со димензии 11 х 7 см. Според ситните и прецизно изработени детали, како и присуство на барокните елементот, крстот е изработен во Србија, во Белград . Според начинот на изработката - крстот претставува ремек-дело на сакрална применета уметност. Претставени се сцените: Распетие, а како посебна одлика е тоа што покрај малиот формат, крстот изoбилува со бројни фигури, мајсторски и прецизно изработени. Крстот има сложена композиција и е своевидна иконостасна разработка на фрескоелементите. Иако мал по димензии, крстот поседува уметнички вредности кои се аналогни на фрескоживописот и иконописот карактеристични за поистакнатите фрескоансамбли во Балканскиот Полуостров. Денес овој крст се наоѓа во Музејот на применетата уметност во Белград[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бојана Радојковиќ - „Ситната пластика во старата српска уметност“, Издавачки завод Југославија, Белград, 1977/ Ситната пластика