Крсте Богоески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Крсте Богоески
Роден(а)2 ноември 1943
Турје, Охридско,  Кралство Југославија
Починал(а)7 декември 2019
Скопје, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Занимањемузеолог, професор

Крсте Богоески (Скопје, 17 јануари 1931 - Скопје, 7 декември 2019) — македонски музеолог, редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ на УКИМ од Скопје. Бил основач и прв претседател на МНК ИКОМ, а исто така и основач и прв претседател на Македонскиот национален комитет на Синиот штит. До последниот ден бил активино вклучен во работата и на двете меѓународни организации.

Биографија[уреди | уреди извор]

Богоески е роден на 2 ноември 1943 година во охриското село Турје. Основно образование завршил во 1958 година во село Врбјани, Охридско, а средно во 1962 година во Битола. Завршил Филозофски факултет, група за историја, во 1968 година. Бил стипендист на Владата на Франција за самостојно истражување во UNESCOICOM – Документациониот центар и следел постдипломски курс по современа музеологија на Универзитетот Сорбона IV во Париз (1977-1978), под водство на Жорж Анри Ривие. На 16 ноември 1978 година, на Загрепскиот универзитет ја одбранил темата: “Muzejska mreža u Makedoniji” и се стекнал со научниот степен магистер по музеологија. На 10 ноември 1992 година, на Загрепскиот универзитет ја одбранил тезата: “Model muzeološke obrade povijesnog razdoblja – na primjeru muzeološke interpretacije agrarnih odnosa u Skop­skoj kazi od 1839. do 1912. godine” и го стекнал научниот степен доктор на музеологија од областа на информативните науки. Од 1995 година работел на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во Институтот за географија при Заводот за етнологија (од октомври 2005 – Институт за етнологија и антропологија), кога бил избран во звањето доцент. Во 1999 година бил избран за вонреден професор, а во 2004 година за редовен професор. Бил продекан за финансиски и материјални прашања на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Од 1962 до 1964 година држел настава по историја во основното училиште “Елисие Попоски – Марко” во Врбјани, Охридско. Од 1 декември 1968 до 1995 година работел во Музејот на град Скопје како кустос – историчар и музејски советник. Во последниот период, на студиите по етнологија држел настава по предметите: општа историја со историја на балканските народи, историја на македонскиот народ и етномузеологија. На постдипломските студии по етнологија на Македонците на ИЕА го предавал предметот применета музеологија. Во 2003 година на постдипломските студии по национална историја на Институтот за национална историја држел циклус предавања по методологија на музеолошката обработка на историски период. Основна преокупација му била музеолошката обработка на одделни тематски подрачја, особено методолошкиот пристап. Во практиката вршел прибирање, класификација, систематизација, заштита и презентативна комуникација на носителите на информации (музејските предмети). Исто така, посебно се ангажира во градењето стандарди за музејска документација. Има објавено над 50 трудови, од кои 7 надвор од Македонија.

Бил прв претседател на Македонскиот национален комитет на ICOM, член на консултативниот комитет на ICOM, член на Меѓународниот комитет на ICOM за музеологија (ICOFOM) со право на глас и член на меѓународните комитети за документација (CIDOC) и за стручно усовршување на кадрите (ICTOP). Од 2002 г. е прв претседател на Македонскиот национален комитет на Синиот штит, како стручна асоцијација која се грижи за заштита на културното наследство во природни катастрофи и во катастрофи предизвикани од човекот.

Учествувал во реализацијата на 7 научноистражувачки проекти, од кои еден меѓународен, како истражувач, и на 6 домашни како раководител и прв истражувач. Покрај редовното изведување на наставата, бил ментор на над 50 дипломски и на една магистерска работа, потоа рецензент за избор во повисоко звање, како и член на комисии за одобрување теми за магистерски работи и за докторски дисертации, член на комисии за одбрана на магистерски работи и докторски дисертации. Активно учествувал и учествува во повеќе општествени и стручни асоцијации како: член на Друштвото на историчарите на Македонија, член на Музејското друштво на Македонија, член на Меѓународниот совет на музеите (ICOM). Починал во Скопје на 7 декември 2019 година.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Вкупниот број усно презентирани трудови на научни манифестации е 25, од кои 7 надвор од Македонија. Има објавено интерни скрипти по општа историја и историја на балканските народи и по етномузеологија. Бил главен и одговорен уредник на: Museologica Macedonica, списание на Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (1995-2001); и Етнолог, списание на Македонското етнолошко друштво (2002-2004).

  • К. Богоески,Селекција на музеалиите на определен историски период. Зборник Историја2, 7-12, (1999);
  • Мухаџирите во Скопскиот санџак по 1877 година. Историја 1-4, 15-26, (1999);
  • К. Богоески, Модел на музеолошка обработка на историски период според примерот на музеолошката интерпртација на аграрните односи во Скопската каза од 1839 до 1912 г., Скопје, 1999;
  • K. Bogoeski, Presentational communication – Real or Virtual. ICOFOM STUDY SERIES – ISS 33b, München, p. 32-34, (2002);
  • К. Богоески, Етнологијата на Македонија и музеологијата – односи низ постојаната изложба. Етнолог 10, 163-179, (2004).

Наводи[уреди | уреди извор]