Прејди на содржината

Крстана Јовчевска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Крстана Јовчевска ( 1875 во Челопек (Кумановско) — 1955 во Куманово) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

На напредиото работничко движење му припаѓала пред војната. Како мајка на народниот херој Димче Еребица, нејзиниот дом бил ставен на располагање на МК КПЈ - Куманово од 1941 година. Особено по загинувањето на својот син во октомври 1941 година, Крстана останала непоколеблнва во својата борба против окупаторот, а особено со делувањето на Вториот кумановски партизански одред во чии борбени акции о гледала исполнувањето нa идеалите на загинатиот син. Нејзиниот дом бил претворен во партизанска база. Тука се чувало оружје и храна, а доаѓале и партизанските курири, кои ги примала како свои синови и ќерки.[1]

  1. 1 2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1088.