Прејди на содржината

Крн

Координати: 46°15′59″N 13°39′32″E / 46.26639°N 13.65889°E / 46.26639; 13.65889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Крн
Највисока точка
Надм. вис.2244 м
Истакнатост605 м [1]
Координати46°15′59″N 13°39′32″E / 46.26639°N 13.65889°E / 46.26639; 13.65889
Географија
Крн на карта

Карта

Матичен венецЈулиски Алпи
Поглед на селото Дрежница и планината Крн од запад
Езерото Крн
Поглед на планините Крн од планината Кал: планината Вршич, превојот Врата, планината Крнчица и планината Крн

Крн — планина висока 2.244 метри во северозападна Словенија. Тој е највисокиот врв на Крнските Планини, потпланински венец на југозападните Јулиски Алпи.

Географија

[уреди | уреди извор]

Крн се наоѓа на околу 50 киломтери од Јадранското Море. На запад од врвот тече реката Соча, додека североисточно и југозападно од него минуваат помалите реки Лепењица и Толминка.

На јужната падина на планината се наоѓаат малите села Врсно, Крн, Дрежница, Дрежнишке Равне и Магозд. На северната страна се наоѓа езерото Крн, најголемото ледничко езеро во Словенија. Планината е позната по своето силно западно лице, најдобро се гледа од Кобарид или Дрежница.

Историја

[уреди | уреди извор]

За време на Првата светска војна, во областа се одржале битките на Сочкиот фронт. Третиот Алпински полк го зазела врвот на Крн на 16 јуни 1915 година по смел напад, каде што елитната италијанска единица се искачила на карпите „со чизмите обвиени во вреќи со слама за да се намали бучавата“, некои боси, а други само со чорапи, и се бореле со унгарскиот баталјон на 4-от Хонведски полк.

Врвот на соседната планина Батогница (2.164 метри) бил разнесен од случајна експлозија во складиште за оружје за време на војната. Остатоци остануваат расфрлани околу врвот.

  1. „Krn - peakbagger“. peakbagger.com. Посетено на 6 January 2015.

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]