Прејди на содржината

Кри (народ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кри
néhinaw ᓀᐦᐃᓇᐤ
Карта на јазикот кри и неговите блиски сродни јазици
Вкупен број
околу 320.000
Подрачја со значајно население
 Канада /  САД
Алберта95.300
Саскачеван89.990
Манитоба66.895
Онтарио36.750
Британска Колумбија35.885
Квебек27.245[1]
Јазици
кри
Вероисповед
англиканство, католицизам, месни верувања

Кри (англиски: Cree, француски: Cri, самонаречено — nehiyawak[2]) — етничка заедница на Индијанци што живеат во Северна Америка. Областа на населување на племињата Кри во XVII—XVIII век се протегала од Хадсоновиот и Џејмсовиот Залив на исток до Алберта и Големо Ропско Езеро на запад.[3] До почетокот на XXI век, племињата Кри живеат на територијата на САД (Рамничарски Кри) и Канада, каде што се најраспространетата и најбројна староседелска јазична заедница.

Јазиците кри, кои се запишуваат со латиница и канадско слоговно писмо, и кои се поделени на многу дијалекти, припаѓаат на алгонкинското потсемејство во составот на алгиски јазици.[4] Тие станале една од компонентите на мешаниот јазик мишиф, на кој зборуваат канадските Метиси.

Јазикот кри во пишан облик

Името „Кри“ потекнува од алгонкинскиот егзоним Kirištino˙, кој народот Оџибва го користел за да ги означи племињата што им биле туѓи и што живееле околу Хадсоновиот Залив. Француските колонисти за означување на Кри користеле зборови како килистинон, киристинон, книстено, кристено и кристино (француски: Kristineaux); на крајот останал само почетниот дел — Kri.[2][5] Ова име се користело за означување на бројните племиња со кои се соочиле северно од езерото Супериор (во Манитоба) и западно од него.

  1. „Aboriginal Population Profile, 2016 Census“. Statistics Canada. 2018-06-21. Архивирано од изворникот 2024-12-03. Посетено на 2022-05-26.
  2. 1 2 Richard J. Preston. (2012-09-09). „Cree“. The Canadian Encyclopedia. Архивирано од изворникот 2020-01-14. Посетено на 2016-05-13.
  3. Кри (народ) во Енциклопедија Британика (англиски)
  4. Wolfart, H. C., & Carroll, J. F. (1981). Meet Cree: A guide to the Cree language (New and completely rev. ed.). Edmonton: University of Alberta Press
  5. „Cree Tribe of North America – Legends of America“. www.legendsofamerica.com. Архивирано од изворникот 2023-04-22. Посетено на 2024-05-18.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]