Критична маса (велосипедизам)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Критична маса во Сан Франциско, 29 април 2005 г.

Критична масавелосипедски настан кој вообичаено се одржува секој последен петок во месецот, но има настани и кои се одржуваат секоја последна среда во месецот (како во Македонија); нејзината цел не е вообичаено официјализирана и претставува директна акција преку собирање на велосипедисти на одредена положба и време и возење како група низ градските улици на велосипеди.

Настанот потекнува од 1992 година кога првпат се одржувал во Сан Франциско;[1] до крајот на 2003 година, настанот бил одржан во над 300 града низ светот.[2]

Критичната маса се опишува како „месечно протестно возење“ и се окарактеризира како дел од граѓанското движење.[3] Била опишувана и како „месечен протест од велосипедисти на улиците“.[4] Учесниците претпочитале овие настани да бидат сметани како „прослави“ и спонтани собири, а не како протести или организирани демонстрации.[5][6] Овој став им дозволува на критичните маси да се одржуваат без најава на локалната полиција.[7][8]

Историја[уреди | уреди извор]

Учесници во тунел во Сан Франциско на 29 септември 2006 г.

Велосипедски настани слични на критичната маса со стотици учесници се одржувале во Стокхолм, Шведска, во почетокот на 1970-тите години.[9] Но, првото возење во сегашниов изглед се случило во петок, на 25 септември 1992 година во 18:00 часот во Сан Франциско. Тогаш, настанот бил познат како „Патничка грутка“ (Commute Clot) и била изведена од неколку дузина велосипедисти, кои добиле флаери на улица во градот.[1]

Кратко потоа, некои учесници во возењето отишле во локална велосипедска продавница да го гледаат документарецот на Тед Вајт за велосипедската култура во Холандија и Кина во споредба со таа во САД. Во филмот, американскиот дизајнер Џорџ Блис забележал дека во Кина, моторџиите и велосипедисти имаат „разбирлив“ метод на преминување раскрсници без сигнали. Сообраќајот ќе биде во застој додека не се постигне „критична маса“, на чија точка масата ќе се придвижи низ раскрсниците. Овој термин од филмот бил применет како име на настанот,[10] и името го заменило претходното до одржување на вториот настан.[1]

Организација и тактики[уреди | уреди извор]

Структура[уреди | уреди извор]

Целосно движење на критичната маса во Лисабон во април 2012 година

Критичната маса има децентрализирана (наместо хиерархиска) структура. Понекогаш е нарекувана „организирана случајност“, без водство или членство. Рутите на некои возења се одлучуваат спонтано од некој кој моментално е на чело на настанот, додека други се одлучени пред возењето преку гласање или препорачани рути, често нацртани на флаери. Терминот ксерократија бил измислен за да го опише процесот на носење одлука за тоа која рута ќе се вози на критичната маса: секој кој има мислење може да направи своја карта и да ја подели на велосипедистите кои учествуваат во масата. Сепак, други возења се одлучуваат преку консензус. Неорганизираната природа на настанот дозволува да се избегнат бирократските проблеми со властите, кои може да ги гледаат возењата како облик на парада или организиран протест. Дополнително, движењето е слободно од структурни трошоци поврзани со централизирана хиерархиска организација. Со цел настанот да функционира, единствена обврска е значителен обрт за создавање на „критична маса“ на возачи, кои би зафатиле одреден дел од патот, за да ги потиснат возачите на моторни возила. Властите во Њујорк, Калифорнија и Орегон изразиле загриженост со потешкотиите за координирање на возачите, поради недостигот на водство.[11][12][13]

Размер[уреди | уреди извор]

Кренати велосипеди во Будимпешта по завршување на настанот во 2007 година

Возењата на критичната маса може да се разликуваат во повеќе насоки, вклучувајќи ја зачестеноста и бројноста на учесници. На пример, многу мали градови имаат месечни критични маси со помалку од дваесет возачи,[14] додека на некои поголеми настани кои се поврзани со два поголеми настани во годината, како во Будимпешта, Унгарија, каде има само две возења секоја година на 22 април (Ден на планетата Земја) и 22 септември (Ден без автомобили). „Будимпештанскиот стил“ привлекува десетици илјади возачи.[15] на 20 април 2008 година, во Будимпешта, учествувале повеќе од 80.000 возачи.[16][17] Во Виена, близу Будимпешта, критичната маса се одржува секој месец од 2006 година и привлекува до 1.000 или повеќе возачи.[18]

Зачепување[уреди | уреди извор]

Детаљ од флаерот од 20 ноември 1992 година од Џоел Померанц кој ја вовел замислата за зачепување

Бидејќи критичната маса се одржува без официјална рута или дозвола, учесниците во некои градови понекогаш ја употребуваат тактиката позната како „зачепување“ со цел да се одржи целовитоста на групата. Оваа тактика се состои од тоа неколку возачи да го запрат сообраќаат од страничните патишта, така што масата да може слободно да продолжи и покрај црвените светла на семафорот без прекин. Зачепувањето ѝ дозволува на масата да се вклучи во различни активности, како што се создавање циклон, кревајќи ги нивните велосипеди како дел од традицијата во Чикаго или лежење на земја со своите велосипеди со цел претстава на велосипедските несреќи предизвикани од автомобилите, многу популарно во Монтреал.

Обичајот на зачепување патишта со цел поминување на црвено светло како група е во спротивност со сообраќајните закони во некои законодавства и понекогаш е критикувана дека е лицемерие од тврдењето на критичната маса дека „ние сме сообраќај“, бидејќи сообраќајот нема право да помине на раскрсница ако сообраќајниот знак се промени во црвено.[19] Меѓутоа, на група на велосипедисти им е дозволено да поминат на семафор како група во Германија и Австрија.[20][21] Зачепувањето понекогаш доведува до непријателство помеѓу возачите и велосипедистите, дури и во избивање на насилство и апсења на возачи и велосипедисти во текот на критичната маса.[22]

Конфликти[уреди | уреди извор]

Критичната маса предизвикува контроверза и јавна одбивност.[23] Групата често протестира во значајни настани, како поголеми политички настани[24] и Олимпијадата.[25] Некои критики тврдат дека критичната маса е намерен обид да се наруши сообраќајот и нормалното движење на градот, очекувајќи дека поединците кои учествуваат да ги прекршуваат сообраќајните правила.[26]

Некои велосипедски групи изразиле загриженост дека природата на критичната маса и кавгите со возачите може да ја ослаби јавната поддршка за велосипедистите.[12] Иако не ги простува инцидентите со насилство, Велосипедскиот сојуз на Сан Франциско дава заслуга на критичната маса за одбележување на велосипедските проблеми и нивните напори за нивно решавања.[1]

Македонија[уреди | уреди извор]

Скопје[уреди | уреди извор]

Завршница на 37. роденденска Критична маса во Скопје
Говор на крајот на 37. роденденска Критична маса во Скопје од страна на Ана Јовковска за борбата на велосипедистите

Критична маса во Скопје, Македонија, за првпат била организирана на 30 мај 2012 година под мотото „Критична маса - Скопје на точак!“. Настанот бил одржан во денот среда и оттогаш секоја последна среда во месецот се одржуваат спонтани собири и возење по скопските улици во вид на протест и покажување дека постојат самите велосипедисти и дека заслужуваат права како и сите други учесници во сообраќајот. Првата, како и сите други изданија подоцна на критичната маса во Скопје, се организирани од здружението „НаТочак“, кое активно делува на друштвените мрежи, како и на нивниот блог, на кој навремено известуваат за сите нивни активности.

Вообичаено, критичната маса во Скопје се одржува на последната среда во месецот, со почеток од 17:30 часот во текот на зимните месеци и со почеток од 19:00 часот во текот на летото. Исто така, местоположбата на самиот почеток, како и движењето на велосипедистите, се дознава преку друштвените мрежи, најчесто една недела пред одржување на настанот.

Критичната маса во Скопје го прославила својот трет роденден на 27 мај 2015 година.

Во поглед на посетеноста на настаните, таа се движи од неколку десетици до стотина велосипедисти, во зависност од временските услови, но се забележува дека расте уште од самото одржување на првата критична маса.

Тетово[уреди | уреди извор]

Тетово е вториот македонски град, во кој се одржала Критична маса и тамошните велосипедисти имаат извозени 25 настани, односно го имаат прославено својот втор роденден.

Гостивар[уреди | уреди извор]

Гостивар е третиот по ред град во Македонија каде се одржува Критичната Маса. Првата Критична Маса во Гостивар е одржана на 28 септември 2013 година. Организирана е од страна на незваничното здружение „НаТочак Гостивар“. Се одржува во последната недела од месецот во 12:00 часот (преку лето во 18:30 часот). Најчесто почетокот на возењето е пред општинската зграда, а завршува на градскиот плоштад. За организирање на настанот се дознава преку друштвените мрежи.

Битола[уреди | уреди извор]

Како четврти македонски град, кој се приклучил на иницијативата на одржување на вакви протестни собири и возења бил [Битола], во кој се имаат одржано 47 возења, со што го наскоро ќе го прослават својот четврти роденден.

Прилеп[уреди | уреди извор]

Неколку дена подоцна од Битола, и Прилеп започнале со одржување на своите настани.

Штип[уреди | уреди извор]

Во Штип, првата Критична маса се одржала на 28 мај 2015 година, со што Штип станал шести македонски град кој се приклучил на оваа иницијатива за кревање на свеста во поглед на велосипедот како превозно средство.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Garofoli, Joe (28 септември 2002). „Critical Mass turns 10“. San Francisco Chronicle. Посетено на 2 јули 2007.
  2. Madden, Richard (15 декември 2003). „London: How cyclists around the world put a spoke in the motorist's wheel“. The Daily Telegraph. UK. Архивирано од изворникот на 2019-09-12. Посетено на 2015-05-25.
  3. Mcgrath, Ben (13 ноември 2006). „Holy Rollers“. Архивирано од изворникот на 2012-09-04. Посетено на 2015-05-25.
  4. „Critical Mass London“. Urban75. 2006.
  5. „Pittsburgh Critical Mass“. Архивирано од изворникот на 2009-09-28. Посетено на 16 ноември 2009.
  6. „Critical Mass: Over 260 Arrested in First Major Protest of RNC“. Democracy Now!. 30 август 2004. Архивирано од изворникот на 2007-11-14. Посетено на 2015-05-25.
  7. Seaton, Matt (26 октомври 2005). „Critical crackdown“. The Guardian. London.
  8. Rosi-Kessel, Adam (24 август 2004). „[*BCM*] Hong Kong Critical Mass News“.
  9. „Cyklister i Storstockholm“ (норвешки). Архивирано од изворникот на 2011-07-24. Посетено на November 16, 2009.
  10. Pomerantz, Joel (2002). „A Critical Mass Cultural Glossary“. Во Carlsson, Chris (уред.). Critical Mass: Bicycling's Defiant Celebration. Единбург, Шкотска: AK Press. ISBN 1-902593-59-6. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2015-05-25.
  11. Palmer, Susan (20 мај 2006). „Rolling protests hit bump“. The Register-Guard (Eugene, OR).[мртва врска]
  12. 12,0 12,1 Moore, Martha T. (15 ноември 2004). „Big pack of bikes piques police“. USA Today.
  13. Bennett, Dylan; Giles, Gretchen. „Bicyclists see transportation as critical“. MetroActive News & Issues. Посетено на 16 ноември 2009.
  14. Gaffney, Dan (3 септември 2008). „A virtuous cycle: safety in numbers for riders says research“. Посетено на 3 октомври 2008.
  15. „A critical mass critique“. Budapest Sun Online. 20 април 2008. Архивирано од изворникот на 2011-05-26. Посетено на 16 ноември 2009.
  16. „Minden eddiginél többen vettek részt a Critical Mass felvonuláson“ (унгарски). MTI. Посетено на 16 ноември 2009.
  17. „Critical Mass wheels away“. Budapest Sun Online. 23 април 2008. Архивирано од изворникот на 2011-03-14. Посетено на 16 ноември 2009.
  18. http://www.criticalmass.at/4139
  19. „Motor Vehicle Act, R.S.B.C. 1996 c.318 ss.119, 183 – Definitions, Cycle; Rights and Duties of Operator of Cycle“. Revised Statutes of British Columbia. CanLii. Посетено на 3 август 2011.
  20. „§ 27 Straßenverkehrsordnung (Германија)“.
  21. „§ 29 Straßenverkehrsordnung (Австрија)“.
  22. Gutierrez, Scott (3 јули 2006). „2 bicyclists arrested at Critical Mass get out of jail“. Seattle Post-Intelligencer.[мртва врска]
  23. Cabanatuan, Michael; Van Derbeken, Jaxon; Vega, Cecilia M. (5 април 2007). „Clash reignites road wars:Skirmish between driver, Critical Mass participants triggers another round of debate about monthly ride“. San Francisco Chronicle.
  24. Jonathan Wald (29 август 2004). „264 arrested in NYC bicycle protest“. CNN. Посетено на 23 февруари 2008.
  25. Richards, Tom (30 јули 2012). „Cycling arrests raise questions about legacy Olympic organisers want to leave“. London: Guardian. Посетено на 30 јули 2012.
  26. Gord MacFarlane (7 август 2006). „Critical Mass protesters too critical“. Winnipeg Sun. Архивирано од изворникот на 2007-09-29. Посетено на 2015-05-25.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]