Крис Хемсворт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Крис Хемсворт
Хемсворт на Сан Диего комик-кон интернешенел во 2014 година
Роден(а) 11 август 1983 (1983-08-11) (35 г.)
Мелбурн, Австралија
Живеалиште Бајрон Беј, Австралија
Занимање Глумец
Активен период 2002–сè уште
Сопружник Елза Патаки (в. 2010)
Деца 3
Роднини

Крис Хемсворт (роден на 11 август 1983 г.)[1][2] — австралиски глумец.

Тој е најпознат по неговите улоги како Ким Хајд во австралиската ТВ серија Дома и на гости (2004) и како Тор во Марвеловите филмови Тор (2011), Одмазници (2012), Тор: Мрачниот свет (2013) и Одмаздници 2: Ерата на Ултрон (2015). Тој исто така се појавил во научно-фантастичниот филм Ѕвездени патеки (2009), авантуристичкиот трилер Совршено бегство (2009), хорор комедијата Колибата во шумата (2012), акционата фантазија Снежана и ловецот (2012), воениот филм Крвава зора (2012) и во биографско-спортската драма Трка на животот (2013).

Во 2015 година, тој глумел во акциониот трилер Хакер, имал улога во комедијата Летување: Нова генерација и толкувал главна улога во биографскиот трилер Во срцето на морето.[3] Следната година, Хемсворт ја повторил улогата на ловецот во филмот Ловецот и ледената кралица и играл споредна улога во комедијата Истерувачи на духови.[4]

Рани години[уреди | уреди извор]

Хемсворт е роден во Мелбурн,[5] како син на Леони,[6] учителка по англиски јазик, и Крег Хемсворт, советник за социјални услуги.[7][8] Тој е роден како второ дете во семејството; неговите браќа Лук (постар) и Лијам (помлад) се исто така глумци. Неговата баба од таткова страна е имигрант од Холандија, а тој исто така влече англиски, ирски, шкотски и германски корени.[6] Тој бил израснат во Мелбурн, Викторија и во Булман, Северна Територија. Тој се школувал на Колеџот Хитмонт[5] пред неговото семејство повторно да се врати во Северна Територија, а подоцна да се пресели на островот Филип.[9]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Хемсворт започнал врска со шпанската глумица Елса Патаки на почетокот на 2010 година откако се запознале преку нивни заеднички пријатели,[10] и се венчале во декември 2010 година.[11] Парот има три деца: ќерка Индија Роуз (родена мај 2012 г.)[12] и два близнаци, Тристан и Саша (родени март 2014 г.).[13] Во 2015 година, семејството Хемсворт се преселило од Лос Анџелес во Бајрон Беј, Австралија.[14][15]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филм[уреди | уреди извор]

Хемсворт на Филмскиот фестивал во Трибека во април 2012 година.
Година Наслов Улога Белешки
2009 Ѕвездени патеки Џорџ Кирк
2009 Совршено бегство Кејл
2010 Кеш Сем Фелан
2010 Оли Клаблерштарф против нацистите Чед Краткометражен филм
2011 Тор Тор
2012 Колибата во шумата Курт Вон
2012 Одмазници Тор
2012 Снежана и ловецот Ловецот
2012 Крвава зора Џед Екерт
2013 Ѕвездени патеки: Во темнината Џорџ Кирк Глас, архивска снимка
2013 Трка на животот Џејмс Хант
2013 Тор: Мрачниот свет Тор
2015 Хакер Николас Хатавеј
2015 Одмаздници 2: Ерата на Ултрон Тор
2015 Летување: Нова генерација Стоун Крандал
2015 Во срцето на морето Овен Чејс
2016 Ловецот и ледената кралица Ловецот
2016 Истерувачи на духови Кевин
2016 Додека ти се тепаше Тор Краткометражен филм
2017 Тор: Рагнарок Тор Се снима

Телевизија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
2002 Гвиневра Џонс Крал Артур 2 епизоди
2002 Соседи Џејми Кејн Епизода бр. 4,069
2002 Законот на Маршалови Дете Епизода: "Domestic Bliss"
2003 Коњички клуб Новиот ветеринар Епизода: "Tenderfoot"
2004 Фергус Макфејл Крег Епизода: "In a Jam"
2004–07 Дома и на гости Ким Хајд 185 епизоди
2006 Танц со ѕвездите Натпреварувач 5. место

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Chris Hemsworth Bio“, UsMagazine.com (посет. 16 октомври 2013 г).
  2. Thor's Chris Hemsworth Turns a Year Older“. People.com (video). 11 август 2011. http://www.people.com/people/videos/0,,20516542,00.html. „...celebrates his 28th“ 
  3. Fleming, Mike, Jr.. „Chris Hemsworth Boards Whale of a Tale ‘In The Heart of the Sea’; Will DreamWorks Bite?“, Deadline.com, 12 јуни 2012 (посет. 17 ноември 2012 г).
  4. Lesnick, Silas. „Chris Hemsworth is the New Ghostbusters Receptionist!“, Comingsoon.net, 10 јуни 2015 (посет. 18 јули 2016 г).
  5. 5,0 5,1 Lovece, Frank (29 септември 2011). „Chris Hemsworth: Not a Thor Loser“. FilmFestivalTraveler.com. архивирано од изворникот на 7 октомври 2011 г.. http://www.webcitation.org/62I5pcXDy. посет. 7 октомври 2011 г. 
  6. 6,0 6,1 Bekiaris, Angela. „10 Fun Facts About Liam Hemsworth“, „People“, Caxton Magazines, 14 јануари 2016 (посет. 2 јуни 2016 г).
  7. „Cyrus 'saw in new year on Phillip Island' “. Herald Sun. Australia. 4 јануари 2010. архивирано од изворникот на 14 јуни 2011 г.. //web.archive.org/web/20110614143506/http://www.heraldsun.com.au/entertainment/confidential/cyrus-spent-new-year-on-phillip-island/story-e6frf96o-1225815733215. посет. 27 февруари 2010 г. 
  8. Rapkin, Mickey (март 2012 г). The Hunger Games' Liam Hemsworth Has No Idea What's About to Hit Him. „Details. http://www.details.com/celebrities-entertainment/cover-stars/201203/liam-hemsworth-hunger-games-the-last-song. 
  9. „Chris Hemsworth on Jimmy Kimmel Live! Part 1“. Jimmy Kimmel Live! via YouTube. 5 мај 2011. https://www.youtube.com/watch?v=nK9hoClrB-A/. 
  10. Macaluso, Beth Anne (12 јуни 2012). „Chris Hemsworth's Wife Elsa Pataky Gives Birth to Daughter India!“. Us Weekly. архивирано од изворникот на 17 ноември 2012 г.. http://www.webcitation.org/6CFMOJwFV. посет. 17 ноември 2012 г. 
  11. Jordan, Julie. „Thor Star Chris Hemsworth Gets Married“, „People“, 28 декември 2010 (посет. 7 октомври 2011 г).
  12. Fleeman, Mike. „Chris Hemsworth and Elsa Pataky Welcome Daughter India Rose“, „People“, 12 мај 2012 (посет. 21 март 2014 г).
  13. Mandell, Andrea (21 март 2014). „It's twin boys for Chris Hemsworth and Elsa Pataky!“. USA Today. http://www.usatoday.com/story/life/people/2014/03/21/chris-hemsworth-elsa-pataky-welcome-twin-boys/6703013/. 
  14. Still calls Australia home! Chris Hemsworth moves his family Down Under permanently as he no longer needs to be based in Los Angeles to secure work“, „Daily Mail“, 13 јануари 2015 (посет. 23 ноември 2015 г).
  15. Kehagias, Melissa. „Chris Hemsworth has bought himself a $7 million Byron Bay home“, „The Sunday Telegraph (Australia)“, 27 септември 2014 (посет. 23 ноември 2015 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]