Кристи Пују

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кристи Пују
Cristi Puiu
Роден(а)Кристијан Емилијан Пују
3 април 1967 (1967-04-03) (54 г.)
Букурешт, Романија
Занимањефилмски режисер, сценарист
СопружникАнка Пују

Кристи Пују (романски: Cristi Puiu), (Букурешт, 3 април 1967) — романски филмски режисер и сценарист.

Животопис[уреди | уреди извор]

Кристијан Емилијан Пују е роден во Букурешт, Романија. Првиот интерес на Пују за уметноста му било сликарството[1].

Во 1992 година, тој бил примен како студент на Одделот за сликарство на Академијата за визуелни уметности во Женева, Швајцарија. По првата година се префрлил на студии по филм на истата академија, каде што дипломирал во 1996 година. По враќањето во Романија започнал да работи на филмсо творештво.

Тој е оженет со Анка Пују, имаат три деца: Смаранда, Илеана и Зое.

Творештво[уреди | уреди извор]

Филмски режисер[уреди | уреди извор]

Дебито на Кристи Пују како филмски режисер било во 2001 година со нискобуџетниот филм „Стоки и пари“ (Marfa și banii ), во кој играа Александру Пападопол и Драгош Букур. Филмот добил неколку награди на меѓународни фестивали и се натпреварувал во делот „Quinzaines des Realisateurs“ - „Две недели на режисерите“ на Канскиот филмски фестивал. Некои критичари сметаат дека ова бил филмот што го започнал романскиот нов филмски бран. Подоцна продолжил со реализацијата на краткиот филм, „Цигари и кафе“ (Un cartuș de Kent și un pachet de cafea în) (2004), кој бил награден со [[Златна мечка за најдобар краток филм на Берлински меѓународен филмски фестивал во 2004 година[2].

Неговиот втор долгометражен игран филм „Смртта на Господинот Лазареску“ (Moartea domnului Lăzărescu ), (2005), е едно ново филмско видување на апсурдот, кафкијанскиот безизлез, отуѓеноста, бирократскиот пораз на цивилизацијата, искажан преку еден болен старец, кој цела ноќ го носат со брза помош од болница во болница, бидејќи лекарите одбиваат да го лекуваат. Филмот добил бројни одлични критики, а добил и бројни награди, меѓу кои и наградата Извесен поглед - (Un Certain Regard) на Канскиот филмски фестивал.

До 2006 година овој филм се здобил со 47 награди, неколку номинации во Топ 10 списокот на американските критичари и во француските списанија како Телерама и Les Inrockuptibles.

Тој во 2010 година го режирирал играниот филм „Аурора“, (Aurora) во кој го толкуваше главниот лик (Виорел). Филмот освоил три награди „Гопо“, премиерно бил прикажан во делот Извесен поглед на Канскиот филмски фестивал и ја освоил наградата „Карлови Вари“ (Награда исток од запад).

Во 2013 година, го снимил филмот „Три вежби за толкување“ („Trois exercices d'interprétation”) според текст на писателот Владимир Соловјов, а во 2016 година го снимил филмот „Сиераневада“, (Sieranevada) кој беше прикажан за прв пат на официјалната конуренција на Канскиот филмски фестивал.

Во 2020 година го снимил филмот „Малмкрог, (Macrolog) шестиот игран филм на Кристи Пују, со кој беше отворен новиот дел „Средби“ на 70. издание на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал. На Пују му била доделена наградата за режија на секцијата „Средби“, ова е втора награда што Кристи Пују ја добил во Берлин, по „Златната мечка“ за краток филм во 2004 година. Меѓу другото, овој филм е снимен и во македонска копродукција на „Сестри и Брат Митевски“. На Канскиот лауреат, допрва му претстојат уште низа фестивалски претставувања и најверојатно бројни награди[3].

Шест приказни од периферијата на Букурешт[уреди | уреди извор]

Пују има во план да сними серија од шест филма со наслов „Шест приказни од периферијата на Букурешт“. Делумно ги замисли како одговор на серијата Шест морални приказни на францускиот режисер Éрик Ромер, која влијаеше на снимањето филмови кон крајот на 20 век. Пују сака преку нив да истражи шест видови на љубовни приказни, „Смртта на Господинот Лазереску“ е за љубовта кон својот ближен.

Тој планира следните пет филмови да ја проучуваат љубовта помеѓу маж и жена, љубовта кон своите деца, љубовтаа кон успехот, љубовта помеѓу пријателите и телесната убов. Кристи Пују ги завршил сценаријата и синопсисите за секој од овие филмови[4].

Сценарист[уреди | уреди извор]

Кристи Пују е сценарист на неговите први долгометражни филмови, „Стоки и пари“ и „Смртта на Господинот Лазареску“, заедно со Ражван Радулеску. Кристи Пују е сценарист на неговиот краток филм „Цигари и кафе“. Потоа, во соработка со Ражван Радулеску, тој го напишал сценариото за „Ники Арделеан, полковник во резерва“, 2003, филм во режија на Лусијан Пинтилие. Во 2006 германскиот режисер Диди Данкарт го снимил филмот „Офсет“ според сценариото напишано од Кристи Пују. За филмот, Аурора го напишал сценариото две години истражувајќи и во 2020 година, тој го напишал сценариото за филмот Малмкрог, а извршил сценаристичка адаптација по текстови на рускиот филозоф Владимир Соловјов во филмот „Три вежби за толкување“[5].

Награди[уреди | уреди извор]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Сценаристички опус[уреди | уреди извор]

  • Стоки и пари (2001)
  • Хакер (2003) - ТВ серија
  • Ники Арделеан, полковник во резерва(2003)
  • Цигари и кафе (краток филм 2004)
  • Смртта на Господинот Лазареску (2005)
  • Офсет (2006)
  • Аурора (2010)
  • Сиераневада (2016)
  • Малмкрог (2020)

Творечки карактеристики[уреди | уреди извор]

Пују не е само зачетникот на новиот романски филмски бран. Тој е и еден од најзначајните европски режисери. Неговиот творечки стил се занимава со судбината на човекот погледната со една длабока психолошка интроспекција. Неговите сценарија се надоврзуваат на современата европска литература како што е егзистенцијализмот, апсурдот, сарказмот, длабоката егзистенцијална анализа особено на денешната цивилизација и светот во кој што „живеат“ пост - комунистичките земји, особено Романија, опкружени со застанато време, беда, неможност за остварување на една поинаква цивилизација, заробени во своето пропаднато минато и уништена иднина. Како режисер, Пују се надоврзува, особено во работата на камерата, кадрирањето, сликовитоста и внатрешнот дневничко раскажување на најзначајните традиции на европскиот уметнички филм од Андреј Тарковски, Кшиштоф Кишловски, Ларс фон Триер[8],[9],[10].

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Интервјуа

Наводи[уреди | уреди извор]