Кристијан Моргенштерн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето



Кристијан Моргенштерн
Роден(а)Кристијан Ото Јозеф Волфганг Моргенштерн
6 мај 1871(1871-05-06)
Минхен
Починал(а)31 март 1914(1914-03-31) (воз. 42 г.)
Унермајд (по ново Мерано)
НационалностГерманец
ЗанимањеПоет
Автор


Кристијан Ото Јозеф Волфганг Моргенштерн (Christian Otto Josef Wolfgang Morgenstern), бил роден на 6 мај 1871 година во Минхен, починал на 31 март 1914 година во Унермајс по ново Мерано, Јужен Тирол, Италија - германски поет, писател и преведувач. Во светот е поесебно препознатлив по неговата комична поезија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Мајката на Моргенштерн починала од туберкулоза на неговата десетгодишна возраст, а тој ја наследил болеста. Големи дел од својот живот поминал патувајќи по санаториумите низ Германија, Швајцарија и Италија, при што имал можност да запознае многу истакнати книжевници и филозофи на тогашната Европа.

Книжевно творештво[уреди | уреди извор]

Познат е по преводи на исклучителни многубројни дела и автори, како; Хенрик Ибзен, Кнут Хамсун и Бјернстјерне Бјернсон и Август Стриндберг.

Најпопуларното дело на Кристијан Моргенштерн е „Песни од бесилката“ (Galgenlieder) од 1905 година.

Во своите рани години Моргенстерн напишал голем број есеи и рецензии за различни германски периодики. На неговото филозофско и митско творештво највеќе влијаеле Фридрих Ниче, Рудолф Штајнер, Фјодор Михајлович Достоевски и Лав Николаевич Толстој.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Anthony T. Wilson: Über die Galgenlieder Christian Morgensterns. Königshausen und Neumann (= Epistemata – Würzburger wissenschaftliche Schriften. Reihe Literaturwissenschaft, Bd. 448), 2003, ISBN 978-3-8260-2490-0.