Прејди на содржината

Кристијан Крахт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кристијан Крахт (2007)

Кристијан Крахт (р. 29 декември 1966 во Цанен) — швајцарски писател, драмски автор и новинар.

Таткото на Кристијан Крахт, со исто име Кристијан Крахт, бил повеќегодишен главен претставник и претседател на  управниот одбор на концернот Аксел Шпрингер. Крахт пораснал во Швајцарија, САД, Канада и Јужна Франција. Посетувал повеќе интернационални интернати, во Германија (Schule Schloss Salem) и Канада (Lakefield College School in Lakefield, Ontario). Во 1989 Крахт дипломира на колеџот Сара Лоуренс во Бронксвил, Њујорк, САД (Sarah Lawrence College in Bronxville). По дипломирањето најпрвин бил приправник, а потоа од 1991 и уредник во списанието Темпо (Tempo ).

Средината на 90-тите Крахт заминува за Њу Делхи. Работел како дописник од Индија за Шпигел (Spiegel). Потоа живеел неколку години во југословенската амбасада во Бангкок. Од таму пропатувал повеќе азиски земји. Неговите патописи најпрвин биле објавени во Велт ам Зонтаг (Welt am Sonntag) а во  2000 година објавени под наслов "Жолтиот молив" (Der gelbe Bleistift) во издавачката куќа Kiepenheuer & Witsch.

Од есента 2004 до јуни 2006 Кристијан Крахт во соработка со Екхарт Никел (Eckhart Nickel) го издава списанието Дер Фројнд - Der Freund. 2006 Крахт бил доцент на Научната академија Берлин (Wissenschaftsakademie Berlin.[1]

Од средина на ноември 2006 до крај на октомври 2007 Крахт бил колумнист за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (Frankfurter Allgemeinen Zeitung). Неговата колумна која излегувала секоја втора сабота го носела насловот "Писмо од ..." (или "Разговор со ..."). Според Крахт намерата била, во колумната цела една година да се занимава со "Само-референца". [2]

Во тоа време Крахт во Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, меѓу другото и заедно со американскиот стопанственик Дејвид Вудард, објавува репортажа за живеалиштето на Алистер Кроули (Aleister Crowley) во Чефалу.[3]

Крајот на 2007 како резултат од искачувањето на  Килиманџаро [4] и во соработка со Инго Нирман (Ingo Niermann), беше објавено делото Метан (Metan), во кое нашата планета Земја е населена од невидлив облик на цивилизација која владее со неа. Двајцата автори стапуваат во контакт со овој облик на цивилизација и стануваат сведоци за дотогаш невидени и незамисливи појави.  Рецензиите се движат од одбивни [5] до зачудени: „Она со кое двајцата автори како последица од ова патување се чаламат во врска со обновувањето на човечкиот род од духот на прдежот е во секој случај вознемирувачко. Или едноставно: голем нонсенс“ [6] Еден друг рецензент смета дека: „Доколку оваа книга се смета за шега, тогаш таа и не е толку лоша шега."[7]

Кристијан Крахт со својата жена, режисерката Фрауке Финстервалдер (Frauke Finsterwalder), живее во Лос Анџелес.[8] Крахт е член на ПЕН-центарот на гермаснки автори во странство (P.E.N.-Zentrum deutschsprachiger Autoren im Ausland.)[9]

1995 - Faserland. Во својот прв роман Крахт се занимава со културата на конзумирање, пропаста на таканареченото хармонично граѓанско општество од повоениот период и индивидуелните и националните кризи на идентитетот.[10]

2001 - 1979. За овој роман Крахт стекнува меѓународно внимание. Ја опишува кршливоста на системот од вредности кој е означен како декадентен западно-големограѓански и неговата немоќ наспрема источно-тоталитарните модели како Исламизмот и Маоизмот. Романот беше објавен во времето на терористичките напади од 11. September 2001, што му донесе додатно внимание. 

2008 - Ich werde hier sein im Sonnenschein und im Schatten - Овде ќе бидам и на сончевина и под сенка, третиот роман на Крахт спаѓа во жанрот на алтернативна светска историја и се работи за Швајцарска советска република - „Schweizer Sowjet Republik (SSR)“ - која е во постајана војна со поголемиот дел од остатокот на Европа. Се работи за дистопија, за прикзана за крајот на една цивилизација.

2012 - Imperium - Империја наново ја раскажува приказната на еден ескепист Аугуст Енгелхарт (August Engelhardt) од Нирнберг. Почетокот на XX век Енгелхартt отпатувал во тогашната колонија Германска Нова Гвинеја (Deutsch-Neuguinea) за таму да купи и да води кокосва плантажа. Неговата јасна цел: како вегетаријанец да се храни исклучиво од кокосовиот орев. Поставувајќи го романот врз оваа историска личност, Крахт раскажува приказна со примеси на балада за Јужниот Тихи Океан, носталгична фанатазија и ескепизам. Аугуст Енгелхарт себеси се гледал како спасител на светот, сакал да создаде нова религија, да основа свое царство и со сирова филозофија за кокосовиот орев да го спаси целиот свет. Империја раскажува за заминувањето, за надежите, разочарувањата и грандиозното потфрлање. Читателот проследува спирала од лудило кое ги најавува изопаченостите на XX век. На крајот главниот јунак пропаѓа. Од вегетаријанец се претвора во човекојадец, од спасител на светот во антисемит и од здрав аскет во телесна крнтија. 

Преводи на делата на Кристијан Крахт се објавени на дански, англиски, француски, руски, италијански, полски, корејски, холандски, естонски, литвански, латвиски, норвешки, шпански, јапонски, виетнамски, унгарски, арапски, хебрејски, хрватски, шведски, чешки, украински, турски, романски и бугарски.

  • 1993: Аксел Шпрингер Награда за млади новинари
  • 2009: Награда за фантастика на градот Вецлар (Wetzlar)
  • 2012: Голема награда за литература на градот и кантонот Берн [11]
  • 2012: Вилхелм Рабе награда за литература за ромаот Империја (Wilhelm-Raabe-Literaturpreis) [12]
  • 2013: Награда од Германската филмска критика: Најдобро сценарио кое тој го напиша со својата жена за филмот  Finsterworld.[13]
  1. Stephan Maus (20 March 2006). „Christian Kracht im Dschungel von Paraguay (SZ)“ (Artikel) (германски). Посетено на 2014-10-26.
  2. Siehe Kracht, „Brief aus der Vergangenheit, letzter Teil“, FAZ vom 20.
  3. Christian Kracht und David Woodard, Cefalù oder der Geist der Goldenen Dämmerung (PDF; 367 kB), FAZ vom 24.
  4. Siehe hierzu auch die Bildreportage von Kracht und Niermann, „Kilimanjaro“, in Qvest, Nr. 23 (Dez. 06/Jan. 07), S. 59-71.
  5. So Harald Peters in der Welt am Sonntag vom 4.
  6. Volker Weidermann in der Frankfurter Allgemeinen Sonntagszeitung vom 4.
  7. Christoph Bartmann, „Eine große Weltatemtheorie“, Süddeutsche Zeitung vom 16.
  8. http://flavorwire.com/529082/christian-krachts-imperium-is-a-melvillean-masterpiece-of-the-south-seas
  9. http://exilpen.net/mitglieder/neu/christian-kracht.html Архивирано на 17 октомври 2014 г..
  10. Heike Schmoll: Abschreckend.
  11. Kanton Bern ehrt umstrittenen Autor Kracht Südostschweiz Kultur, abgerufen am 11.
  12. Wilhelm-Raabe-Literaturpreis 2012 für Christian Kracht Архивирано на 3 март 2016 г. Bücher.at, abgerufen am 4.
  13. „Preis der deutschen Filmkritik 2013“. „vdfk.de“ (германски). 2014-02-10. Посетено на 2014-03-16. Den Preis für das beste Drehbuch durften sich Frauke Finsterwalder und Christian Kracht für ihre Arbeit an ‚Finsterworld‘ (R: Frauke Finsterwalder) teilen.