Кристијан Костов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кристијан Костов
Кристиан Костов
Костов во 2017 година
Биографски податоци
Родено имеКристијан Константинов Костов
Познат(а) и какоКрис
Роден(а)15 март 2000 (2000-03-15) (19 г.)
Москва, Русија
ПотеклоБугарија
Жанровипоп-музика, фолк-музика, акустична музика
Занимањапејач, композитор, музичар
ИнструментиВокал, гитара, пијано
Период на активност2014–досега
ИздавачиВирџинија рикордс

Кристијан Константинов Костов (руски: Кристиа́н Константи́нов Ко́стов, бугарски: Кристиан Константинов Костов); (Москва, 15 март 2000) - руски и бугарски пејач. Бил финалист на првата сезона на руското музичко натпреварување Голос. Дети и второпласирана во четвртата сезона на бугарската верзија на музичкото шоу X Factor. Ја претставувал Бугарија на Евровизија 2017 во Киев каде завршил второпласиран со освоени 615 поени.

Биографија[уреди | уреди извор]

Кристија Костов се родил на 15 март 2000 година во Москва. Неговата мајка Заура е со казахстанско, а татко му Константин, со бугарско потекло. Од раното детството Кристијан покажал особен интерес за музиката, па родителите одлучиле да го запишат во детскиот вокален ансамбл Њипасед.[1] По настапон на Евровизија 2017 и завршување на средното училиште, школувањето ќе го продолжи на Музичкиот колеџ Беркли во Бостон. .[2]

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

Во 2006 година откога ја поминал аудицијата, Кристијан станува член на детската група Њипасед и оттогаш започнува неговото музичко образование.[2] Истата година заедно со руската пејачка Јулија Началова одржал бројни концерти на различни локации во Москва. Заедно со групата Њипасед имал турнеја по Русија и во странство каде учествувале на бројни фестивали. Во 2009 година со негов настап била отворена Евровизија 2009 во Москва.

Во 2011 година, го освоил Гран при на детското меѓународно натпреварување Sound Kids. Наредната година ја претставувал Бугарија на детскиот фестивал Нов бран каде го зазел 7. Место .[3] Во октомври истата година учествувал во детскиот телевизиски музички проект Школа музыки, каде настапувал со бројни познати пејачи како што е Батихан Шукенов, при што го освоил третото место[4]

Во 2014 година учествувал во првата сезона на детското музичко натпреварување Голос. Дети на кое се пласирал во финалето. Ментор му бил рускиот пејач Дима Билан]].[5][6][7] Во 2015 година учествувал во бугарската верзија на X Factor, каде во финалето го освоил второто место.[8][9]

Во 2016 година склопил договор со издавачката куќа Вирџинија рикордс.[10] На 7 октомври 2016 година ја издал песната Не си за мен(Не си за мене), која станала хит на бугарските радиостаници.[11] На 13 јануари 2017 година издадена е англиската верзија на песната со име You Got Me Girl.

На 13 март 2017 година официјално е објавено дека Кристијан ќе ја претставува Бугарија на изборот на Евровизија 2017 во Киев.[12] Жрепката одлучила дека ќе настапи во второто полуфинале каде се претставил со песната Beautiful Mess. Воедно тој е и најмладиот учесник на ова издание на натпреварувањето. Во финалето го зазел второто место освојувајќи 615 поени. .[13]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Арефьев, Егор. „Финал шоу "Голос. Дети": Затмит ли болгарский темперамент девичью красоту?“, Комсомольская правда, 28 април 2014.
  2. 2,0 2,1 Сидорчук, Андрей. „Наш человек в Киеве. Фаворитом «Евровидения-2017» стал москвич“, Аргументы и факты, 4 мај 2017.
  3. Определены участники "Детской Новой волны- 2012"“, ИА REX, 20 април 2012.
  4. Ученики Республики KIDS и резиденты Jazz Parking прошли кастинг в проекте Детский Голос“, Jazz Parking, 18 октомври 2013.
  5. „«Когда там стоишь, ощущение, что сейчас ты взорвешься». Кристиан Костов. Интервью после Слепого прослушивания. Голос.Дети-1“. Первый канал. 2014-03-14. 
  6. Выбран победитель шоу «Голос. Дети»“, 7 дней, 25 април 2014.
  7. Участники проекта «Голос. Дети» в журнале ELLE girl“, Elle girl, 17 јуни 2014.
  8. 17-годишен финалист от X Factor ще представя България на «Евровизия» — Dnevnik.bg
  9. Звездата от X Factor Кристиан Костов ще представи България в Евровизия 2017 (ВИДЕО)
  10. „Кристиан Костов е българският представител на Евровизия 2017“. БНТ. 2017-03-13. 
  11. Младият музикален идол Кристиан Костов с дебютна песен
  12. Jordan, Paul (13 March 2017). „Bulgaria is a 'Beautiful Mess' in 2017“. eurovision.tv. European Broadcasting Union. конс. 13 March 2017. 
  13. 17-летний москвич Кристиан Костов представит Болгарию на конкурсе "Евровидение-2017"“, Я пою, 15 март 2017 (посет. 21 март 2017 г).
  14. „Ready to Fly - Single by MaxiGroove & Kristian Kostov on Apple Music“. 
  15. „Кристиан Костов выпустил дебютный клип на песню «Слушай дождь»“. Kids' Music. 2015-08-22. 
  16. „Не си за мен - Single by Kristian Kostov on Apple Music“. 
  17. „Вдигам Level (feat. Kristian Kostov) - Single by Pavell & Venci Venc' on Apple Music“. 
  18. „You Got Me Girl - Single by Kristian Kostov on Apple Music“. конс. 2017-03-16. 
  19. „Beautiful Mess - Single by Kristian Kostov on Apple Music“. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]