Диор

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кристијан Диор С.А)
Прејди на: содржини, барај
Кристијан Диор С.А
Oснована 16 декември, 1946
Седиште 30 Avenue Montaigne
Париз, Франција
Опслужувано
подрачје
Низ целиот свет
Клучни личности Бернар Арно (Претседател),
Сидни Толедано(извршен директор),
Марија Грација Киури (уметнички директор),
Крис Ван Аш (креативен директор за машката линија),
Виктори де Кастелан
Дејност Малопродажба
Приходи €24.62 милијарди (2011)[1]
Тековен
приход
€5.323 милијарди (2011)[1]
Нето приход €1.279 милијарда (2011)[1]
Вработени 84.981 (2011)[1]
Одделенија Парфеми Диор
Козметика Кристијан Диор
Машка колекција Диор
Подружници Модна куќа Диор
Портал dior.com

Диор, позната и како Кристијан Диор СЕ (оригинален назив: Christian Dior SE (француски изговор: [kʁis.tjɑ̃ djɔːʁ])) — француска компанија за луксузни производи, под раководство на бизнисменот Бернар Арно, воедно раководител и на LVMH (Луј Витон), најголемата луксузна групација во светот. Диор самите поседуваат 42% од акциите и 5% од акциите со право на глас во LVMH.[2][3]

Основана во 1946 година од страна на истоимениот дизајнер Кристијан Диор, денес компанијата дизајнира и продава облека, кожни производи, модни додатоци, обувки, накит, часовници, парфем, шминка и производи за нега на кожата одржувајќи ја традицијата како креатор на високата мода. Производите се продаваат преку ланецот продавници за малопродажба низ светот, како и преку нивната интернет продавница[4].

Meѓу многуте конкуренти на куќата Диор се и модните куќи: Шанел, Ив Сен Лоран, Гучи, Версаче, Прада.[5]

Историја[уреди | уреди извор]

Основање[уреди | уреди извор]

Куќата на Диор е отворена во 1946 во Париз[6]. Меѓутоа сегашната корпорација Диор како година на отварање ја прославува 1947[6] Компанијата Диор ја финансирал бизнисменот Марсел Бусак.[7] Новата куќа за висока мода станала дел од текстилниот бизнис со кој Бусак веќе управувал. Капиталот бил 6 милиони и броел 80 вработени. И покрај репутацијата на Бусак, „дека држи се под контрола“ Кристијан Диор имал тогаш невообичаено голем удел во неговата истоимената марка (правно управување,неконтролирани акции во фирмата и една третина од профитот пред оданочување). Креативноста на г-дин Диор исто така му овозможила и убава плата.[7]

New Look[уреди | уреди извор]

Модел 1947. Изложен во Москва во 2011.

На 12 февруари 1947, Диор ја промовирал својата прва модна колекција за пролет-лето 1947. Изложбата на „90 модели од неговата прва колекција на 6 кукли“ се прикажале во салонитe на седиштето на компанијата. Првенствено првите две линии биле наречени „Corolle“ и „Huit“. Меѓутоа, новата колекција во модната историја останала позната како New Look. Карактеристика на оваа линија е тесна половина и долго здолниште кое паѓа под подколеницата, истакнувајќи ги колковите и градите.[8][9]

Во време на повоените забрани за ткаенина, Диор за своите креации користел околу 18 метри екстравагантни ткаенини.[10] New Look станал многу популарен и влијаел на други дизајнери од педесетите години. Како резултат на тоа, Диор добил значајни клиенти од Холивуд, САД и европската аристократија.[11]

Париз кој по Втората светска војна ја изгубил својата позиција како главен град во светот на модата, повторно ја добил својата ценета позиција,[12] а тоа делумно и благодарение на вниманието што го добил New Look на Диор.[13]

Парфемите Диор[уреди | уреди извор]

Информациите кои се достапни за основањето на парфемите Кристијан Диор се контрадикторни. Сите тврдења се за периодот помеѓу 1947 и 1948. Компанијата Диор запишала дека основањето на парфемите Диор било во 1947, со промоцијата на првиот парфем Miss Dior. Диор направил револуција во индустријата со парфеми со лансирањето на многу популарниот парфем Miss Dior, именуван по Кетрин Диор, сестрата на Кристијан Диор.

Компанијата Диор поседувла 25%, менаџерот на парфемите Коти поседувал 35% а Бусак поседувал 40% од бизнисто со парфеми. Пјер Карден бил на чело на Диор од 1947 до 1950. Во 1948 во Њујорк била создадена посебната филијала за парфемите. Диор во 1949 исто така Њујорк, на аголот на 5тата Авенија, ја отворил и својата луксузна конфекциска куќа. Во 1949 лансиран е парфемот Diorama, а до 1949, The New Look сама остварила профит од 12,7 милиони.[14]

Ширење на компанијата[уреди | уреди извор]

Ева Перон, прва дама на Аргентина во фустан Диор во1950

Ширењето од Франција започнало при крајот на 1949 година со отварањето на бутикот Кристијан Диор во Њујорк. До крајот на годината модата на Диор остварила 75% од модниот извоз на Париз и 5% од вкупниот приход од извозот на Франција.[5] Во 1950, Жак Руе, генералниот менаџер на Диор, смислил лиценцирана програма за да се стави видливо веќе познатото име на Кристијан Диор на различни луксузни производи. Прво било ставено на вратоврски, а брзо потоа и на трикотажа, чорапи, крзно, капи, ракавици, чанти, накит, долна облека и шалови. Лиценцирањето се покажало како профитабилен потег и станало тренд кој и денес е актелен и го применуваат сите модни куќи. Исто така во 1950, Кристијан Диор бил ексклузивен дизајнер на фустаните на Марлен Дитрих во филмот Страв на сцена[15] на Алфред Хичкок. Во 1951, Диор ја објавил својата прва книга Јас сум моден креатор.[16]

И покрај европските обожаватели на компанијата, во тоа време во САД се создавал повеќе од половина од приходот. Дел од моделите на Кристијан Диор биле изложени и во Лондон во 1952. Во 1953, била лансирана првата линија на чевли од Диор. До крајот на 1953 компанијата управувала со цврсто докажани локации во Мексико, Куба, Канада и Италија.[7] Како што растела популарност на производите на Диор, така се зголемувал и бројот на фалсификатите. Овој нелегален бизниз го подржувале жените кои не можеле да си ги дозволат луксузните производи. До средината на педесетите куќата Диор управувала со многу ценета модна империја. Првиот бутик Диор бил отворен во 1954 година. Во чест на принцезата Маргарет и војвотката од Марлборо, модната ревија на Диор во 1954 се одржала во палатата Блемхајн. Кристијан Диор помеѓу 1954 и 1957 лансирал многу успешни модни линии. Сепак ниедна не беше блиску до силното влијаниe на New Look. Првиот кармин Диор бил промовиран во 1955. До десетгодишнината на компанијата, во 1956, биле продадени 100 000 парчиња облека. Кристијан Диор во 1956 создал 14 фустани за Ава Гарднер за филм на Марк Робинсон.[17] На 4 март 1957 Кристијан Диор се појавил насловната страна на магазинот Тајм. Дизајнерот набргу потоа, во 1957, умрел од трет срцев удар.[5] Волшебното влијание на креативната модна генијалност на Диор му донела препознатливост како една од најголемите личности во модната историја а неговото име станало синоним за вкус и луксуз.

Диор без Кристијан Диор (1957-1970-тите)[уреди | уреди извор]

Ив Сен Лоран[уреди | уреди извор]

Смртта на главниот дизајнер ја ставила куќата на Диор во хаос а генералниот менаџер Жак Руе сакал да ги затвори филијалите ширум светот. Оваа опција не им се допадна на носителите на дозвола на Диор и на француската модна индустрија. Диор бил премногу важен за финансиската стабилност за индустијата да дозволи да се случи такво нешто. За да ја врати куќата на нозе, истата година Руе го промовирал 21 годишниот Ив Сен Лоран како уметничкиот директор. Лорен се приклучил на куќата во 1955, откако главниот дизајнер лично го избрал за свој прв и единствен главен асистент.[5] Лорен во 1958 првично покажал дека е најдобриот избор по дебито на неговата прва колекција за Диор. Облеката била прецизно изработена и совршено ускладена со истите префинети ткаенини, но нивниот млад дизајнер моделите ги направил помеки, појасни и лесни за носење. Сен Лоран го поздравиле како национален херој. Охрабрени од неговиот успех, неговите дизајни станале посмели, кулминирајќи во 1960, инспирирани од егзистенцијалистите во кафулињата и џез клубовите во Сен-Жермен де Пре, во Париз. Неговиот боемски изглед во 1960 бил остро критикуван. Марсел Бусак бил бесен а кога Лоран го повикале во војска и морал да си замине од компанијата, никој не се спротивставил. Ив Сен Лоран си заминал после 6 создадени колекции за Диор.

Марк Боан[уреди | уреди извор]

Модел на Боан, колекција пролет/лето1973.

Дизајнерот Боан го заменил Лоран во Диор на крајот на 1960. Боан го вметнал неговиот конзервативен стил во неговите колекции. Боан добил пофалби од Ребека Арнолд дека е човекот кој ја одржал марката Диор „во чекор со модата, а сепак создавајќи елегантна облека погодна за носење.“[5] Дизајните на Боан биле многу ценети од истакнати општествени фигури. Актерката Елизабет Тејлор нарачала 12 фустани Диород колекцијата пролет- лето 1961 на Боан.

Парфемот на Диор Diorling излегол во 1963 а машкиот парфем Eau Sauvage излегол во 1966. Филип Гилбор, асистентот на Боан во 1967 ја лансирал првата француска конфекциска колекција Мис Диор. Ова не било истото со веќе постоечката конфекциска продавница во Њујорк отворена во 1948. Во 1968, филијалата за парфеми Диор била продадена на Моет-Енеси (што подоцна ќе стане LVMH) заради пропаѓањето на текстилната компанија на Бусак (кој се уште бил сопственик на Диор). Сепак, ова немало влијание врз работењето на модната куќа Диор, па во 1969 бил започнат бизнисот за козметика Кристијан Диор, со создавање на ексклузивна линија. По ова, во 1970, Боан ја лансирал првата машка колекција на Диор костуми. Во Франција во 1973 била создадена конфекциската колекција за крзно од Кристијан Диор, а потоа истата се произведувала под лиценца во САД, Канада и Јапонија. Првиот часовник Диор „Црна Месечина“ бил објавен во 1975 година. Модели од високата мода на Диор носеле принцезата Грејс од Монако, првата дама на Никарагва Хоуп Портокареро, принцезата Александрија од Југославија и лејди Памела Хикс на свадбата на принцот Чарлс и лејди Дајана Спенсер. Во 1978 групацијата Бусак поднела барање за стечај и целиот имот (заедно со оној на Кристијан Диор) ги купила групацијата Вило со дозвола од судот за трговија во Париз.[5] Парфемот Dioressence бил лансиран во 1979 година.

Диор со Бернар Арно[уреди | уреди извор]

Џанфранко Фере[уреди | уреди извор]

Дизајн на Марк Боан од пролетната колекција 1983

Во 1980, Диор го лансирал машкиот парфем Jules а во 1985 познатиот женски парфем Poison. Истата година Бернар Арно станал претседател, извршен и управен директор на компанијата. По доаѓањето на Арно работењето на Диор драстично се подобрило. На 40 годишнината од првата колекција на Диор, Парискиот музеј за мода посветил изложба на Кристијан Диор. Во 1988, Диор во сопственост на Арно земал удел од 32% од акционерскиот капитал на Моет-Енеси-Луј Витон (LVHM) преку својата подружница Жак Робер, притоа создавајќи го она што ќе прерасне во една од водечките и највлијателните компании за луксузни производи во светот. Италијанецот, Џанфранко Фере го заменил Боан на позицијата главен дизајнер во 1989 година. Првиот кој не бил Французин[18] зад себе го оставил она што традиционално потсетува на Диор, флертот и романтичноста, а вовел концепт и стил кој се опишувал како префинет, одмерен и јасен. Фере управувал со дизајните за колекциите за висока мода. Во 1989 бил отворен бутик на Хаваи и уделот на Жак Робер во LVHM пораснал на 44%.[5]

Во 1990 биле отворени уште бутици Диор во елитниот Њујорк, Лос Анџелес и во купувачките области во Токио. Уделот во LVHM пораснал на 46%. Во 1990 исто така била промовирана друга колекција на часовници, именувана Багера (Bagheera), инспирирана од кружниот дизајн на часовниците Црна месечина (Black Moon).Во 1991 бил лансиран парфемот Dune.

Приходот на Диор за 1990 бил 129,3 милиони американски долари, со заработувачка од 22 милиона американски долари. Диор сега бил препознатлив во три категории:

  1. женска конфекција, долна облека и детска облека
  2. додатоци и накит
  3. машка облека.

Се отвориле бутици во целосна сопственост на компанијата во Хонг Конг, Сингапур, Куала Лумпур, Хаваи, Кан и Ваикики, дополнувајќи ги веќе постоечките продавници лоцирани во Њујорк, Хаваи, Париз и Женева. Ова овозможило да се зголеми профитот од директна продажба и да не се менуваат реномираните локации. Во 1992 парфемот Мис Диор бил повторно лансиран. До 1993 приходот на компанијата се зголемил на 177 милиони американски долари,со заработувачка од 26,9 милиони американски долари.

Џон Галијано[уреди | уреди извор]

Под влијание на Ана Винтур, главна уредничка на списанието Вог, извршниот директор Арно во 1997 го назначил Џон Галијано како замена на Фере.[19] Изборот на британски дизајнер намессто француски, покажувало дека во Франција се смалува изборот. Самиот Арно изјавувал дека иако би сакал француски дизајнер, „талентот сепак нема националност“.[18] Тој дури го споредил Галијано со самиот Кристијан Диор, велејќи дека Галијано има креативен талент многу близок до оној на Диор.Тој ја имал истата мешавина на романтизмот, феминизмот и модерното, што го симболизирало господинот Диор. Во сите негови креации, неговите костими, неговите фустани, можела да се најде сличност со стилот на Диор. Галијано предизвикал понатамошен интерес за Диор со малку контроверзни ревии како Ревијата на бездомници, каде моделите биле облечени во весници и кеси од хартија[20]. Се смета дека Галијано ја револуционирал Диор повеќе преку неговите рекламни кампањи отколку преку неговите дизајни[21][22]

На 15 октомври 1997 на отворањето на централната продавница на Диор биле многу познати личности вклучително Никол Кидман, Деми Мур и Жак Ширак.

Диор во 21 век[уреди | уреди извор]

Производи и продавници[уреди | уреди извор]

Диор, Омотесандо, 2007.
Логото на Диор во Сатон, Лондон, Англија

Машка линија Диор (Dior Homme)[уреди | уреди извор]

Во 2001, бутикот за мажи Диор повторно се отворил со нов „современ машки концепт“ и стекнал познати клиенти, меѓу кои и Бред Пит и Мик Џегер. Во 2004 година се отворил и ексклузивен машки бутик Диор во Париз каде што била изложена целата машка колекција. На 20 Февруари 2002 година, компанијата во Милано го отворила првиот бутик за мажи. До 2002, во целост работеле 130 места. На 3 Јуни 2002, Американски совет за модни дизајнери (CFDA) на Слиман му ја доделил награда за „Интернационален дизајнер на годината“. На 7 декември 2003, Бернар Арно, неговата жена Клое Севини, и Сидни Толедано лично присуствуваа на отварањето на Бутикот Диор во Омотесандо, област во Токио. Вториот ваков бутик бил отворен во 2004 во елитната шопинг област на Токио, Гинза. Во 2007, Крис Ван Аш бил назначен за нов уметнички директор на машката колекција Диор. Подоцна во истата година тој ја промовирал својата прва колекција.

Часовници[уреди | уреди извор]

Џон Галијано во 2001 ги лансирал своите часовници Диор, започнуваќи со линијата "Крис 47 Алуминиум" означувајќи нова ера во дизајните на часовниците на Диор. Следно во новата колекција ги редизајнирале часовниците "Malice" и "Riva", додавајќи им скапоцени камења и ги создале "Malice Sparkling" и "Riva Sparkling". Диор, инспириран од колекцијата облека пролет-лето 2002, го лансирал часовникот Диор 66 спротивно од женствените традиционални очекувања за дизајнот. Дизајнерката на накит Виктоар де Кастелан[23] го лансирала првиот часовник под името Д од Диор[24] со кој го означила влезот на часовниците Диор во нејзината колекција елегантен накит. Часовникот бил дизајниран за жени, но имало многу дизајнерски елементи кои го правеле да изгледа машки. Еди Слиман потоа го претставил часовникот Црвена шифра[25] за машката колеција на Диор. Овој специјален часовник го имаше препознатливиот изглед на Dior Hommes. Дизајнот на часовникот и технологијата се поклопувале совршено, создавајќи совршен одраз на уметничката совршеност. Де Кастелан тогаш ја лансирапа својата втора линија на часовници "La Baby de Dior". Дизајнот на оваа линија бил женствен со изглед кој повеќе наликувал на накит. Часовникот "Chris 47 Steel" беше претставен во 2003 како роднина на оригиналниот "Chris 47 Aluminum“. Во 2005 Галијано ги претставил неговите часовниците "Dior Christal“, во чиј дизајн направил комбинација на челик и плави сафири, со цел да создаде „креативна и иновативна колекција.“ Компанијата Диор во 2005 прославила 13-годишнина на часовниците на Диор а во април истата година неговата колекција "Chiffre Rouge" била призната на светското шоу за часовници и накит во Базел, Швајцарија.

Парфеми[уреди | уреди извор]

Во 2001 бил лансиран машкиот парфем Higher, а во 2002 по него и парфемот Addict. Во 2005 биле претставени парфемите Miss Dior Chérie и Dior Homme.

Накит[уреди | уреди извор]

Втората продавница за скапоцен накит била отворен на плоштадот Вандом во Париз. Во Москва се отворил бутик Кристијан Диор, откако компанијата го презела лиценцираното работењето од агентот во Москва.

Јубилеи[уреди | уреди извор]

Во 2005 модната куќа прослави 100 годишнина од роденденот на дизајнерот Кристијан Диор.[26] Во музејот Диор во Гранвил, Нормандија се одржала изложба „Кристијан Диор: човекот на векот“.[27]

Во 2007 беше прославена 60 годишнината од основањето на куќата Диор.

Модни ревии[уреди | уреди извор]

Отпуштањето на Галијано[уреди | уреди извор]

Во февруари 2011, куќата Диор била вовлечена во скандал по обвинувањата на Џон Галијано за антисемитски коментари, кои биле на сите меѓународни насловни страни. Компанијата доживеала кошмар во односите со јавноста. Во март Галијано бил отпуштен[28] и била закажаната ревија за неговата колекција на облека есен-зима 2011/2012 која се одржала без него на 4 март среде конторверзните случувања.[29] Пред почетокот на ревијата, извршниот директор Сидни Толедано одржал сентиментален говор за вредностите на Кристијан Диор и ја посочил поврзаноста на семејството со Холокаустот.[30] Ревијата заврши со излегувањето на персоналот од ателјето без нивниот уметнички директор. Претходната ревија во jануари 2011 за колекцијата висока мода пролет-лето 2011, била последната на која Галијано се појавил на пистата на Диор. Компанијата продолжила поматаму и привремено го назначила Бил Гајтен за главен дизајнер во отсуство на уметнички директор. Гајтен работел за Диор, бил во тимот на Галијано и работел за марката Џон Галијано. Првата колекција висока мода (за сезоната есен-зима 2011) раководена од Гајтен наишла главно на негативни критики.[31][32] Во меѓувреме со месеци се шпекулирало, бидејќи не се знаело кој ќе го замени Галијано. За време на 13 месечниот период без уметнички директор, Диор претрпел суптилни промени на дизајните, бидејќи исчезнувало театралното и екставагантно влијание на Галијано. Редизајнираниот портал на Диор (dior.com) бил промовиран при крајот на 2011.

Раф Симон[уреди | уреди извор]

На 23 Јануари 2012, Гајтен се претстави со својата втора колекција висока мода (За сезоната пролет-лето 2012) за Диор и била многу подобро прифатена од неговата прва колекција.[33] На 11 Април 2012, белгискиот дизајнер Раф Симонс бил назначен за нов уметнички директор на Диор.[34] Симонс бил познат по своите минималистички дизајни, а тоа било спротивно на претходните драматични дизајни на Галијано за Диор. Покрај тоа, Симонс бил како „црна овца„ помеѓу имињата на другите дизајнери кои се сметале за високо квалификувани кандидати. За да го оправда изборот на Симон, компанијата упорно него го споредувала со оригиналниот дизајнер Кристијан Диор.[35].Наводно, Бернар Арно со колегите, со тоа сакале да го одвојат Диор од времето на Галијано. Симон поминал многу време разгледувајќи низ архивите и запознавајќи се со високата мода. Симон го закажал дебито на своите дизајни во јули. Во меѓувреме, колекцијата висока мода пролет-лето 2012 на Гајтен беше претставена како првата ревија на висока мода на Диор која ќе се одржи во Шангај, Кина на 14 април[36] а тоа беше знак за посветувањето на компанијата да биде присутна на кинескиот пазар.

Штанд за козметика, Нов Зеланд

Ревијата била последно претставување на Гајтен за Диор, а тој останал како главен дизајнер за марката Џон Галијано.[37]

На 3 мај, бил промовиран промотивниот филм на Диор : Тајната градина – Версај.[38]

Симон на 2 јули се претставил со својата прва колекција за компанијата- колекцијата висока мода есен-зима 2012.[39][40][41] Компанијата ја нарекла колекцијата најдобрата од ревиите за висока мода есен-зима 2012. Сметале дека тоа е почетокот на новиот Диор преку работата на Симон, каде се „бришеј се што било и се почнува од нула“.[42] Воедно, се тврдело дека колекцијата на дизајнерот „имала повеќе сличности со г-дин Диор отколку со куќата Диор“ со парчиња кои наликуваат на дизајните на Диор со мотиви од периодот по Втората светска војна.

Симон, кој ретко дава интервјуа, дал интервју кое компанијата го објави преку својот интернет магазин Диор Маг. Додека претходните модни ревии на Галијано се одржувале во Музејот Роден, ревијата на Симонс се одржала во приватна резиденција, блиску до Тримфалната порта, откривајќи им ја адресата само на високи клиенти, славни личности, новинари, и други лица кои биле ексклузивно поканети.[43] Некои од присутните биле Донатела Версаче и принцезата Шарлин од Монако, актерката Марион Котијард, Џенифер Лоренс, Шерон Стон, претседателот на Диор, Бернар Арно со неговата ќерка и други познати личности од модата како Пјер Карден,[44]

Во март 2015 било најавено дека Ријана е одбрана за портпарол на Диор, со што станала првата црнкиња за оваа позиција на Диор.[45] Во 2015, израелскиот модел Софија Мечетнер е избрана за новото лице на Диор.[46]

Критики[уреди | уреди извор]

Компанијата Диор, заедно со другите во модната индустрија и култура на индустријата како целина, се критикуваат заради промовирање анорексија и нереална слика на жената, со дизајнирање облека, која е толку мала што на анорексичните модели им е голема, дури и кога тие се опасно под нормалната тежина.[47] Воедно колекцијата на Галијано инспирирана од бездомниците предизвикала многу критики, но исто така и внимание кон куќата на Диор[48]

Контроверзијата со Галијано[уреди | уреди извор]

На 23 февруари 2011, изби скандал кога го обвинија Џон Галијано за антисемитистички коментари, по пијанка во Париз. Била објавена снимка на која дизајнерот во алкохолизирана состојба вели дека го сака Хитлер. Тој ѝ се обраќа на некоја Еврејка со зборовите: „Луѓето како тебе би биле мртви. Вашите мајки, предци, би биле угушени и мртви“.[49] Актерката Натали Портман, кој станала новото заштитно лице на парфемот Miss Dior Cherie, за случајот коментирала со згрозување, изјавувајќи дека на ниеден начин нема да биде поврзана со него. Сепак, еден друг модел на Диор, француската актерка Ева Грин ја намалила сериозноста на инцидентот, изјавувајќи „Понекогаш можеш да направиш грешки. Јас не верувам дека тој е антисемист. Јас сум Еврејка. Не верувам деја тој има нешто против Евреите. Мислам дека повеќе беше тоа што тој беше малку пијан.[50] На 25 февруари, Диор објави дека суспензијата на Галијано е во истрага, наведувајќи дека компанијата нема ни најмалку толеранција за антисемитистички дејства.[51] Во Франција, правењето забелешки од ваква природа е противзаконски и може да биде казниво со затвор до 6 месеци. На 1 март 2011, Кристијан Диор официјално објави дека го отпуштиле Галијано заради контраверзијата.[52]

Сопственост и акционерство[уреди | уреди извор]

На крајот на 2010 година, единствениот деклариран главен акционер во Диор била Групацијата Арно САС, семејната холдинг компанија, семејното акционерско друштво на Бернар Арно. Контролата на друштвото изнесуваат 69,96% од акциите на Диор и 82,86% од акциите со право на глас. Останатите емисии на акции се пуштени кон крајот на 2010. Кристијан Диор СА поседува 42,36% од акциите на ЛВМХ и 59,01% од акциите со право на глас. Арно поседувал дополнителни 5.28% од акциите и 4,65%од правото на глас.

Уметнички директори[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Годишен извештај за 2011“. LVMH.com. http://www.bloomberg.com/quote/CDI:EB/income-statement. конс. 4 февруари, 2011 г. 
  2. „LVMH – Reference Document 2010“. LVMH. стр. 241–242. http://www.lvmh.com. конс. 29 мај 2011 г.  Financière Jean Goujon, "a wholly owned subsidiary of Christian Dior", held 42.36% of capital and 59.01% of voting rights within the company at the end of 2010.
  3. Gay Forden, Sara. „LVMH Cuts Store Budget After Profit Misses Estimates“, Bloomberg, 5 февруари 2009 (конс. 1 јануари 2010 г).
  4. „Dior official website“ (на fr). dior.com. http://dior.com/. конс. 22 октомври 2017 г. 
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 „History of Christian Dior S.A. – FundingUniverse“ (на англиски). www.fundinguniverse.com. http://www.fundinguniverse.com/company-histories/Christian-Dior-SA-Company-History.html. конс. 23 октомври 2017 г. 
  6. 6,0 6,1 Company History at Dior's website Архивирано 7 November 2008 во Wayback Machine.
  7. 7,0 7,1 7,2 „History of Christian Dior S.A.“. fundinguniverse.com. http://www.fundinguniverse.com/company-histories/Christian-Dior-SA-Company-History.html. 
  8. „The Golden Age of Couture – Exhibition Highlights: 'Bar' Suit & Hat – Christian Dior“. Victoria & Albert Museum. http://www.vam.ac.uk/vastatic/microsites/1486_couture/exhibHighBarSuit.php. конс. 13 февруари 2014 г. 
  9. "Christian Dior: "Bar" suit" (C.I.58.34.30_C.I.69.40) In Heilbrunn Timeline of Art History . New York: The Metropolitan Museum of Art, 2000–. http://www.metmuseum.org/toah/works-of-art/C.I.58.34.30_C.I.69.40. (October 2006) (Accessed 13 February 2014).
  10. Moonan, Wendy. „ANTIQUES; Fabrics for Stars Are Themselves The Stars of a Sale“, „The New York Times“, 25 мај 2001. (на англиски)
  11. Zotoff, Lucy. „Revolutions in Fashion: Christian Dior“, Haute Couture News, 25 декември 2015 (конс. 11 февруари 2017 г).
  12. Sebba, Anne. „How Haute Couture rescued war torn Paris“, „The Daily Telegraph“, 29 јуни 2016 (конс. 11 февруари 2017 г).
  13. Mistry, Meenal (1 март 2012 г). Spring's new look: Sixty-five years ago, Christian Dior started a revolution that's still influencing the designers of today. „Harper's Bazaar“. 
  14. [undinguniverse.com „"History of Christian Dior S.A."“]. undinguniverse.com. 
  15. Dietrich, Marlene; Wyman, Jane; Todd, Richard (1950-04-15), Stage Fright, конс. 2017-10-23 
  16. Dior, Christian (1951) (на fr). Je suis couturier. Éditions du Conquistador. https://books.google.mk/books/about/Je_suis_couturier.html?id=4q2LcgAACAAJ&redir_esc=y. 
  17. Gardner, Ava; Granger, Stewart; Niven, David (1957-08-16), The Little Hut, конс. 2017-10-23 
  18. 18,0 18,1 THROWBACK THURSDAY: House of Dior: Gianfranco Ferre and John Galliano“, „Sophie the Blog“. (на en-US)
  19. Anna Wintour, Behind The Shades“, CBS News, 14 мај 2009.
  20. Dowd, Maureen. „Liberties; Haute Homeless“, „The New York Times“, 2000. (на en-US)
  21. The CROWD blog. Thecrowdblog.blogspot.com. Retrieved 11 March 2011.
  22. Vilnet Interview Архивирано 16 July 2011 во Wayback Machine.. Thecrowdmagazine.com. Retrieved 11 March 2011.
  23. Dior's Victoire de Castellane“, „Wall Street Journal“, 16 март 2012. (на en-US)
  24. „La D de Dior“ (на en). www.dior.com. https://www.dior.com/couture/en_us/timepieces/timepiece-collections/la-d-de-dior. конс. 23 октомври 2017 г. 
  25. „Dior - Chiffre Rouge, 10 years of mystery - Trends and style - WorldTempus“ (на en). en.worldtempus.com. http://en.worldtempus.com/article/watches/trends-and-style/dior-chiffre-rouge-10-years-of-mystery-18039.html. конс. 23 октомври 2017 г. 
  26. „RFI - Mode - Christian Dior aurait 100 ans“ (на fr-fr). www1.rfi.fr. http://www1.rfi.fr/actufr/articles/066/article_36704.asp. конс. 23 октомври 2017 г. 
  27. webdesigner@atoutpointdevue.com, Marie Medrinal - Delabie - Agence Atout point de vue -. „Musée Christian Dior à Granville : Christian Dior, homme du siècle“. museechristiandior.pagesperso-orange.fr. http://museechristiandior.pagesperso-orange.fr/facettes-christian-dior.html. конс. 23 октомври 2017 г. 
  28. Willsher, Kim. „John Galliano sacked by Christian Dior over alleged antisemitic rant“, „The Guardian“, 1 март 2011. (на en-GB)
  29. Moss, Hilary. „Dior Autumn/Winter 2011 Show Goes on Without John Galliano (PHOTOS)“, „Huffington Post“, 4 март 2011 (конс. 7 јули 2012 г).
  30. „Sidney Toledano's emotional speech at Christian Dior show - Telegraph“. fashion.telegraph.co.uk. http://fashion.telegraph.co.uk/news-features/TMG8362214/Sidney-Toledanos-emotional-speech-at-Christian-Dior-show.html. конс. 23 октомври 2017 г. 
  31. Thakur, Monami (15 април 2012). „Bill Gaytten's Spring Summer 12 Haute Couture Shanghai Show for Dior [PICTURES“]. International Business Times. http://www.ibtimes.co.uk/articles/328206/20120415/dior-john-galliano-bill-gaytten-raf-simons.htm. конс. 7 јули 2012 г. 
  32. Odell, Amy (5 јули 2011). „Dior Couture Suffers Without John Galliano“. New York. http://nymag.com/daily/fashion/2011/07/dior_couture_suffers_without_j.html. конс. 7 јули 2012 г. 
  33. Cowels, Charlotte (23 јануари 2012). „Bill Gaytten's Dior Couture Show Was Much Better Than Last Season's“. New York. http://nymag.com/daily/fashion/2012/01/gayttens-dior-couture-show-was-an-improvement.html. конс. 7 јули 2012 г. 
  34. Cartner-Morley, Jess. „Raf Simons puts doubts at rest with first show at Christian Dior“, „The Guardian“, 2 јули 2012 (конс. 7 јули 2012 г).
  35. „Welcome Mr Simons“. Christian Dior. 11 април 2012. архивирано од оригиналот на 18 јуни 2012. https://web.archive.org/web/20120618204055/http://www.dior.com/magazine/en_gb/News/Welcome-Mr-Simons. конс. 7 јули 2012 г. 
  36. „Night Falls Over Shanghai“. Christian Dior. 15 април 2012. архивирано од оригиналот на 28 јуни 2012. https://web.archive.org/web/20120628232505/http://www.dior.com/magazine/en_gb/News/Night-falls-over-Shanghai. конс. 7 јули 2012 г. 
  37. Bergin, Olivia. „LVMH chief Sidney Toledano on how the stars have aligned at Dior, as Bill Gaytten bows out in China“, Telegraph UK, 16 април 2012 (конс. 7 јули 2012 г).
  38. „Secret Garden“. Christian Dior. 3 мај 2012. архивирано од оригиналот на 11 јули 2012. https://web.archive.org/web/20120711162008/http://www.dior.com/magazine/en_gb/News/Secret-Garden. конс. 7 јули 2012 г. 
  39. Horyn, Cathy. „Past, Prologue, Dior“, „The New York Times“, 2 јули 2012 (конс. 7 јули 2012 г).
  40. Givhan, Robin (2 јули 2012). „Raf Simons Debuts at Christian Dior With Couture Collection“. The Daily Beast. http://www.thedailybeast.com/articles/2012/07/02/raf-simons-debuts-at-christian-dior-with-couture-collection.html. конс. 7 јули 2012 г. 
  41. „Simons Changes Face Christian Dior Couture“. Calgary Herald. 7 февруари 2012. http://www.calgaryherald.com/life/fashion-beauty/Simons+changes+face+Christian+Dior+couture/6876447/story.html. конс. 17 ноември 2016 г. 
  42. „The New Couture“. Christian Dior. 3 јули 2012. архивирано од оригиналот на 6 јули 2012. https://web.archive.org/web/20120706153828/http://www.dior.com/magazine/en_gb/News/The-New-Couture. конс. 7 јули 2012 г. 
  43. „Live“. Christian Dior. 2 јули 2012. архивирано од оригиналот на 6 јули 2012. https://web.archive.org/web/20120706235003/http://www.dior.com/magazine/en_gb/News/Live. конс. 7 јули 2012 г. 
  44. Adamson, Thomas. „Raf Simons changes the face of Christian Dior in couture day 1“ (конс. 7 јули 2012 г).
  45. Avery Thompson (14 март 2015). „Rihanna’s Dior Campaign: Singer Is First Black Woman To Be Face Of Iconic Brand“. Hollywood Life. http://hollywoodlife.com/2015/03/14/rihanna-dior-campaign-first-black-woman/. конс. 19 март 2015 г. 
  46. How a 14-year-old Israeli became the new face of Christian Dior By Ruth Eglash, The Washington Post Sunday, 12 July 2015
  47. "Sarah Arnold, Boudicca Fox-Leonard, "Exposed: How the Fashion Industry Rejected Anorexic Inga as 'Too Big'". The Daily Mirror. 31 January 2010.
  48. Dowd, Maureen. „Liberties; Haute Homeless“, „The New York Times“, 23 јануари 2000 (конс. 8 март 2011 г).
  49. John Galliano anti-Semitic rant caught on video; Slurs on camera 'I love Hitler'. Nydailynews.com (28 February 2011). Retrieved 11 March 2011.
  50. Eva Green interview: "Playing evil" by Elizabeth Day, The Observer, Sunday 5 June 2011
  51. Natalie Portman Denounces John Galliano's Anti-Semitic Rant – Style & Beauty. Us Weekly. Retrieved 11 March 2011.
  52. Keaten, Jamey. (3 January 2011) "Galliano fired after reportedly praising Hitler in rant". MSNBC. Retrieved 11 March 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]