Кристина Николовска
Кристина Николовска | |
---|---|
Занимање | универзитетски професор, книжевник, |
Образование | Филолошки факултет |
Апсолвент на | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје |
Книжевно движење | современа македонска книжевност |
Кристина Николовска — македонски поет, критичар, есеист и научен работник, универзитетски професор, теоретичар на литературата, литературен критичар, есеист, антологичар, експерт за креативна култура во односи со јавноста, менаџер на кампањи..[1]
Автор е на книги: поезија, теорија на литературата, литературна критика, есеистика, толкувања, беседи, монографии и филозофски разговори. Приредувач е на избори поезија и на антологии. Николовска е посветен афирматор на современата македонска литература и активен промотор со оригинални и незаборавни ораторски настапи пред публика.
Животопис[уреди | уреди извор]
Кристина е родена на 17 мај 1969 година во Скопје, каде што дипломирала, магистрирала и докторирала Филолошки факултет во Скопје, „Блаже Конески“ каде што и работи како редовен професор. Од учебната 2017/2018 проф. д-р Кристина Николовска е акутелен раководител на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Николовска е редовен професор по Теорија на литературата, а ги предава и предметите: Реторика и стилистика, Семиологија и херменевтика, Реторика во односи со јавност, Семиологија во односи со јавноста, и Метафорика. Ги предавала и предметите: Основни теориски поими, Теорија на жанри, Методологија на книжевно¬теориските поими и други. На постдипломските студии по македонска книжевност предава: Теорија на литература, Метафорика, Херменевтика, Ars poetica херменевтика. На докторските студии по Македонска книжевност предава: Теорија на литература, Креативна: реторика, стилистика, херменевтика, семиологија. На докторските студии за културологија предава: Креативна култура во односи со јавност (реторика, стилистика, херменевтика, семиологија).
На „Семинарот за македонски јазик, литература и култура“ во Охрид повеќе години предава курс по македонска литература (2002¬2005, 2013, 2019, 2020) и курс по креативно пишување (2014). Повеќе години, се до денес, застапена е како предавач на Семинарот. Била визитинг¬професор во Брисел (Белгија, 2004) и во Марибор (Словенија, 2005). Предавала и на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (2009–2010).
Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1992, каде што од 2004 до 2006 била секретар за меѓународна соработка. Од 2014 е член на Претседателството на ДПМ.
Од 2018 до 2021 е секретар за меѓународна соработка на ДПМ и член на Претседателството на ДПМ.
Автор е на ТВ¬-серијалот „Разговорница“ (2007), циклус од шест тв¬-емисии филозофски разговори со врвни македонски уметници. Од 2009 година Николовска е Шеф на кампањата на акцијата за пошумување Ден на дрвото – засади ја својата иднина! Од 2018 година е член на Организацискиот одбор на меѓународната литературна манифестација „Рацинови средби“ во Велес.
Книжевни дела[уреди | уреди извор]
Поетски збирки[уреди | уреди извор]
Десимфонија. – Скопје, Книжевна младина на Македонија, 1988;ж
Мугроносна. – Скопје, Книжевна младина на Македонија, 1989.
Теорија на литература[уреди | уреди извор]
Метафора на припадност. – Скопје, „Зојдер“, 1999. (теорија на литература, магистерски труд);
Глаголска метафора. – Скопје, „Зојдер“, 2004. (теорија на литература, докторска дисертација).
Лотература и книжевна критика[уреди | уреди извор]
Организација на тишината. – Скопје, „Зојдер“, 2000. (литературна критика);
Филозофемски мрежи. – Скопје, „Зојдер“, 2004. (литературна критика);
Внатрешен молк. – Скопје, „Зојдер“, 2006. (литературна критика и есеистика).
Светлинска. – Скопје, „Силсонс“, 2016. (литературна критика, есеистика, толкувања и беседи)
Сончевина. – Скопје, „Силсонс“, 2018. (литературна критика, есеистика, толкувања и беседи).
Филозофски разговори[уреди | уреди извор]
Харизма. – Скопје, „Зојдер“, 2006;
Разговорница. – Скопје, „Силсонс“, 2014.
Монографии[уреди | уреди извор]
Опус-великан (Книга за Гане Тодоровски). – Охрид, „Macedonia Prima“, 2009. (монографија: разговори, студии, есеи и критики);
Поезија-небо (Книга за поезијата на Славе Ѓорго Димоски). – Скопје, „Македонска реч“, 2012. (монографија: разговори, студии, есеи и критики);
Златото на литературата. (Книга за творештвото на Венко Андоновски.) – Скопје, „Македонска реч“, 2013. (монографија: разговори, студии есеи и критики);
Книга за Анте. – Скопје, „Силсонс“, 2017. (критики и толкувања);
Мостови на убавината (Книга за творештвото на Стојан Тарапуза). – Скопје, „Силсонс“, 2019. (монографија: критики, толкувања и разговори).
Тематски избори[уреди | уреди извор]
Тишината меѓу два збора. (Ars Poetica) – Струга, „Струшки вечери на поезијата“, 2005. (Тематски избор од современата македонска поезија), (Избор, приредувач и предговор Кристина Николовска;
Silence between two words (Ars Poetica) – Struga, „Struga poetry evenings“, 2005. (A Thematic Selection of Contemporary Macedionian poetry). (Selected and edited by Kristina Nikolovska);
Песната меѓу две лета. – Струга, 2008. (Избор, приредувач на избор од македонската поезија и предговор: Кристина Николовска);
Poem between two summers – Struga, „Struga poetry evenings“, 2008. (Editing, Selection of Macedonian Authors and Preface by: Kristina Nikolovska).
Награди[уреди | уреди извор]
Кристина Николовска е добитник на наградите:
„Млада Струга ‘88“ при „Струшките вечери на поезијата“,
„Караманови средби“,
Награда за литературна критика и есеј „Димитар Митрев“ што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија за 2016,
Традиционална награда за критика и есеј „Златен орев“ за 2018 годинава, доделена од Советот на традиционалната манифестација Илинденски срцекази.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 182.