Прејди на содржината

Кристина Алберди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кристина Албердин во 2016 година.

Кристина Алберди (шпански: Cristina Alberdi; 22 февруари 1946 - 27 јуни 2024) — шпанска политичарка и адвокатка. Таа била втор и последен министер за социјални работи од 1993 до 1996 година.

Образование и кариера

[уреди | уреди извор]

Родена е во Лос Росалес, покраина Севиља. Дипломирала право, од 1970 година била адвокат на Колеџот де Абогадос (Правна академија), а во 1975 година организирала феминистичка правна група. Подоцна таа била претставник на , Генералниот советодавен совет на судството од 1985 до 1990 година. Таа била назначена за министер за социјални работи во кабинетот предводен од премиерот Фелипе Гонзалес во 1993 година, заменувајќи ја Матилде Фернандез на функцијата.[1] Алберди била на функцијата до 1996 година.

Таа била избрана во шпанскиот Конгрес како член ма Шпанската социјалистичка работничка партија (PSOE) во 1996 година, претставувајќи ја областа Малага пред да се пресели во областа Мадрид, која ја претставувала од 2000 до 2003 година. Таа исто така била претседател на Федерацијата Социјалиста Мадрилења (1997–2000). Во 2003 година, таа го напуштила PSOE. Од 2004 година таа била претседател на советодавниот совет против насилство во заедницата на Мадрид (Consejo Asesor del Observatorio contra la Violencia de Género de la Comunidad de Madrid).[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Manuel Castells (20 September 2011). The Power of Identity: The Information Age: Economy, Society, and Culture. John Wiley & Sons. стр. 226. ISBN 978-1-4443-5629-8.
  2. Aguirre nombra a Cristina Alberdi presidenta del Consejo contra la Violencia de Genero El Pais 5 February 2004

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]