Криптодепресија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Езера во Северна Италија по надморска височина (на површината и на најдлабоката точка). Езерото Маџоре, езерото Лугано, езерото Комо и езерото Гарда се криптодепресии.

Криптодепресија е вдлабнатина на површината на Земјата исполента со вода, чија површина се наоѓа над средното морско ниво а дното под морското ниво.[1] [2] Терминот е изведен од старогрчкиот збор κρύπτoς („скриен“ или „таен“) и депресија (што во географијата е израз за предел понизок од нивото на површината на морето).

Опис[уреди | уреди извор]

Криптодепресијата честопати се создава во рифтова долина (тектонски расцеп) или глацијално езеро.[3]

Езерата најчесто се долги и тесни. Пределот околу брегот на езерото може, исто така, да биде многу стрмен.[4]

Криптодепресиите се претежно езера. Најголема криптодепресија во светот е Бајкалското Езеро, а во Европа е езерото Ладога. Најголемата криптодепресија на Балканскиот Полуостров е Скадарското Езеро на границата меѓу Црна Гора и Албанија.[5]

Примери[уреди | уреди извор]

Едноставен пример за пресметка:
Езеро О'Хигинс/Сан Мартин
Површинска кота 250 m -
Максимална длабочина 836 m =
_________________________________
Криптодепресија -586 m

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Fairbridge, R. W. (1968), Fairbridge, R.W. (уред.), „Geomorphology“, Encyclopedia of Earth Science, Encyclopedia of Earth Science, Berlin: Springer, Geomorphology: 231–233, doi:10.1007/3-540-31060-6_78, ISBN 978-0-442-00939-7 |chapter= е занемарено (help)
  2. Neuendorf, K.K.E.; Mehl, Jr., J.P.; Jackson, J.A. (2005). Glossary of Geology (5th edition). Alexandria, Virginia: American Geological Institute. стр. 155.
  3. „criptodepressione“. Enciclopedia Treccani (Italian). Посетено на 11 October 2013.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. 4,0 4,1 Fairbridge, R. W. (1968), Fairbridge, R.W. (уред.), „Cryptodepressions“, Encyclopedia of Earth Science, Berlin: Springer, Geomorphology, Архивирано од изворникот на 12 October 2013, Посетено на 11 October 2013
  5. „Petlja“. petlja.org. Посетено на 2022-03-15.