Кригла

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кригла во употреба

Кригла е стаклен сад за пијалок со цилиндрична форма задолжително со рачка. Криглите се изработуваат воглавно од дебело стакло , бидејќи првенствено се нам енети за пиво, а дебелото стакло подолго ја задржува содржината на криглата ладна.

Формата на криглата потсетува на тегла , бидејќи скоро потполно е цилиндрична, нема грло, па отворот на врвот на садот е приближно со еднакви димензии како и дното на садот. Рачката на криглата е задолжителна, бидејќи исти сад без рачка воглавно се нарекува чаша или тегла.

Во македонскиот јазик под зборот кригла се подразбира само стаклен сад. Садови од други материјали и со варијации во формата се нарекуваат шолја, стомна, бокал и слично.

Различни кригле[уреди | уреди извор]