Кригерово–Нелсонова награда

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кригерово-Нелсоновата Награда ја доделува Канадското математичко друштво како признание за извонредна жена во математиката. Првпат била доделена во 1995 година. Наградата е именувана по Сесилија Кригер и Евелин Нелсон, двете познати по својот придонес во математиката во Канада.[1][2]

Приматели[уреди | уреди извор]

Наградата најчесто е доделувана на женски математичари кои работат на Канадскиот универзитет, таа исто така е доделувана на жени кои се родиле и образувале во Канада но работат надвор од земјата. На пример, Кетлин Моравец, претходна претседателка на Американското математичко друштво и член на факултет на Институтот за математички науки Курант (одделение на Њујоршкиот универзитет) била наградена со Кригерово-Нелсоновата награда во 1997 година. (Моравец се школувала на Универзитетот во Торонто во Торонто, Канада). Според повикот за пријавување, добитникот на наградата треба да биде „член на канадската математичка заедница“.[3]

Добитникот на Кригерово-Нелсоновата награда им одржува предавање на Канадското математичко друштво, обично за време на нивниот летен состанок.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Krieger–Nelson Prize, Канадско математичко друштво.
  2. „The Krieger–Nelson Prize of the Canadian Mathematical Society“, MacTutor History of Mathematics Archive, University of St Andrews, Посетено на 2 декември 2020
  3. 3,0 3,1 Call for Applications Krieger–Nelson Prize Lectureship, Канадско математичко друштво.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]